Немора да пие млеко после 12м... Ќе си јаде и надокнадува со други млечни производи. А сега издржете и не ја одбивај бар до 1г... Доволно ќе биде 2х во ден да цицне, ќе можеш да доиш и да тргнеш да раб.
Па ако мислиш дека мора по секоја цена млеко да пие, тогаш давај тетрапак.Знак прашалник е дали и тоа ке го сака.Тетратак како тетрапак нема ама буквално ниеден бенефит од пиење. @nikja авокадото сирово се дава.Не се обработува термички.Внимавај само да не е мн тврдо, тогаш не е зрело.Можеш да го мешаш и со овошје и со зеленчук, неутрален вкус има.
@Feniksgirl не ти ни треба друго млеко. Мојава џицаше до 11 месеџи и тоа беше само навечер и насабајле. Пробував 100 вида ад, вриштеше не сакаше да помирисне. И се откажав. Си јадеше кисело млеко. Кога ја одбив, во 7 сабајле му се тресеше на киселото млеко, па во 9 доручкуваше. Навечер кога почна да вечера како што треба ништо после тоа не внесуваше освен вода. Сега уште не ти има пројадено се, немате ужинки и вечера. Кога ќе воведеш се, ќе видиш како нема да има потреба. Тетрапак па ич, само џабе стомачето ќе и го оптоваруваш.
Не сакам по секоја цена да дадам кравјо, сакам да ја одбијам. Поентата ми беше за млеко пред спиење, дали морално е да пие. Затоа и да јаде се, не сум сретнала некое бебе што не пие млеко пред спиење, па затоа и барам начин, последна опција со дозвола од педијатар нормално да внесам кравјо, да прифати ад, без мака ќе биде. Затоа и спомнав кравјо, дека не сакаѓ да дадам, а само тоа е последна опција, зашто не прифаќа никакво ад.
Мојава не пиеше никогаш. Кога почна убаво да јаде вечера сама го скрати подојот и толку. Во 7 ипол имаше вечера, 8 ипол бањање и кревет.
Какви тестенини давате и од каде? Досега само од кашички имам давано .. и како воведовте белка? Дали полека како жолчката или наеднаш?
Дадов јаболка, круша, слива. Да продолжам со кои овошја? Дали да дадам нешто од зеленчук или така нема да можам да воведам доручек ? Малце нејасно ми е кога можам да воведам доручек?
Од кога ќе ги воведеш овошките, можеш полека да и дадеш житарка со овошје и така полека да воведуваш доручек. Дади слободно и зеленчук, да испроба вкусови.
Ама колку овошки? Сите ли ? Многу сум тенеќе ама стварно ништо не разбирам. Ако почнам и зеленчук, додека ги испроба сите овошки и додека дојде ред за доручек 8 месеци ќе направи
Ќе даваш доручек од испробаното, пр.палента со круша, а во исто време ќе додаваш нови вкусови, пр.банана, праска, слива, цреши....
Мхм, а ако давам така значи вкусови ќе пробува попладне, ако веќе воведам доручек со веќе испробано? И кога да почнам да зголемувам количина за да можам да стигнам до оброк? Сега и давам по 4,5 лажички