Дадов палента со павлака… не сака палента и крај. Сеа и павлака не сака зашто и се згади од палентата. Дај кажете со што да дадам павлака, не можам секој ден сабајле, мултигреин со овошје, гриз со овошје, овес со овошје, оризова каша со овошје, ја избегнувам зашто и прави запек оризот… веќе не знам што да и дадам, еве палента не сака, хељда со овошје сака, уште просо не сум дала, ќе дадам и тоа… ама се исто јадеме, монотоно е. Стварно сакам малку и нешто солено, павлака кисело млеко јогуртче нешто. Не знам стварно што да дадам.
Прво со органска една терав, сега веќе свртив на обична. Ептен зезанција ми беше на големиве една, на малово друга Сега варам на сите од Дивела. Мојава па повеќе ја сака со овошје... и така и ја комбинирам. Варено се, блендирано се заедно..
Немој тие глупости, ништо хранливо нема во тоа. Подобро направи и гриз, додај какао малку и банана на крај. Сигурно ќе јаде. Ама овие Лино особено види на декларација ништо, ама ништо хранливо немаат. Глукозни, фруктозни сирупи само. За палентата, пробај ја на дм. Мене ми е баш фина и од бебе и ја давам. Исто во дм имаш и гриз од спелта. Кога ќе воведеш јајце подруго ќе биде, ама можеш сега некои тестенини да и мешаш со млечно. Има во дм голем избор и на безглутенски, од леќа, од наут... ама големка ти е веќе, јас би вовела и глутен.
Нема да и даваш од обичните. Тие од леќа и наут на дм се супер состав, хипоалергени состојки, сол скоро ич Има и од спелта едни интегрални, а спелта сигурно имаш дадено од инстант кашите. Да разбиеш монотонија, не цело време.
Уф јас не блендирав никогаш. Само со вилушка ситнев ситно и додавав кисело млеко. И за доручек и ручек давав. Инаку кога ќе воведеш жолчка за почеток можеш палентата со жолчка да и ја свариш и плус грчки јогурт да ставиш. Така ќе има подруг вкус и ќе ја сака.
Јас пробав така еднаш, почна да прави ко да се гуши и загрцнува, живот ми се скрати и блендам цело време.
Нормално е така да прават, одбранбен механизам им е. Макарони никогаш па немам блендано, ваљда ќе треба плус вода да ставиш бидејќи сигурно лепи тоа. Уствари само месо блендирав бидејќи ако го осетеше, толку, не јаде и повраќаше. И еве сега на 6 години почна да не ми повраќа од парчиња месо. Можеш полека текстура да внесуваш со ситно пасирано. Палента не блендај. Просо исто не блендав, те прочитав сега ќе даваш. Ова за да и биде полесно понатаму, да не се навикне на лапни голтни само.