Дали ви се случило при пробување вкусови да нејќе беба да отвори уста? Веќе втора недела тераме со вкусови, од вчера почна така. Вчера и денес ја стиска устата кога го доближувам лажичето. Кајсија е на репертоар од вчера ама уште пред да проба ја стисна устата така да нема врска со вкусот. Дали такви и се овие два дена не знам до вчера не правеше така.
Мајки вчера варев телешко со морков,кромид и компир.Пола им дадов да ручкаат вчера другото пола го ставив во фрижидер.Дали може утре да им ја стоплам другата половина има и водичка и да им дадам да ручкаат.
Мајки со бебиња на адаптирано, кога воведовте доручек од прилика кое време од сабајле ви беше и дали го скративте или намаливте количина на утринското млеко? Ако да, колку грама ви јадеше бебето за да го држи сито? Мојава пие млеко во 8 сабајле и после во 12, па во 16 па ноќно во 20. Не знам дали со доручек треба нешто да скратам.
Без разлика дали ад или доење, едн подој се трга обично. Пример пие млеко во 7 па после во 10, а во 10 и даваш доручек тој подој го тргаш и си има доручек. Ако тоа време и даваш, можеш малку покасно млеко да и дадеш, да има барем 2 и пол саат минимум од доручек до млеко. Јас така правам. Ако ти јаде цела голема каша има доручек веќе. На Хип кутија.
Епа затоа ми е мисла, во 8 пие млеко па после во 12 пак. 8 ми е рано за доручек за да го тргнам тоа млеко, а ако не го тргнам тоа и дадам пример доручек во 10, нема да биде гладна бидејќи пиела млеко во 8, башка ако го тргнам тоа млеко во 12 нема шанси да издржи до 16ч за следно млеко. Жими се научна фантастика ми е ова да воведам оброк.
Околу 10:30-10:45 давам вкус. Да и воведам доручек од прилика тоа време па тоа од 12 да и го поместам малку покасно? Арно си бевме на млекце, ова ми е квантна физика сега.