Нема потреба вкус посебно и гледај да е претпладне во главно ради алергии да има време за реакција. Пример ако имаш воведено банана и палента, а сакаш следно праска да дадеш, можеш 2-3 лажички чисти пред појадокот, па да си изеде појадок од тоа што има пробано веќе. Можеш во мал дел од тоа што е пробано да ставиш нов вкус и да го дадеш тоа, па да си дојаде од основното. Нема потреба од оброк прво, па по неколку часови вкус. Се надевам ме сфаќаш на кој начин. На Лино тоа 6+ е без шеќер. Јас на ќерка се случуваше како вечера да и дадам ретко, ама тоа веќе на 8+ месеци. Појадок овошје со житарки теравме. На Холе земав јас прво, потоа стандард од маркет. Немаме Дм во близина за органски или други типови. Некаде до кај прв роденден јадеше од тие од кутија.
Тоа со тргање подој е кога веќе ќе научи да јаде и ќе има пробано вкусови така? Ние почнавме веќе неколку дена да пробуваме прво морков па утре здравје планирам јаболко
Јас поискусните да ги прашам што мислат за воведување на алергените пред годинка. Некако повеќе сум за тоа ама и малку имам страв
Јас сум за. Од понеделник планирам да дадам јагода, не сакам викенд зашто дежурства им се ако нешто не дај боже.
Како се манифестира реакција на храна? И дадов банана вчера а завчера слива, вчера ја приметив малце под мишките како исфрлено. Не знам дали од сливата или од бананата, или па од топло
И јас сум за. Berries и јајце ќе давам цели и порано од годинка се. Јајце не делам на осмини и четвртини.
Мислам дека по телото и лицето се манифестира, можно е под мишките да и е се вруќници од жешко и испотено, кај нас така на вратчето и се појавува
Мојата е со атопичен дерматит, периодов и се стабилизира. Два дена и дадов палента обична со глутен. Цело лице и врат и се нафрла како што се правеше од егземата, но сега нешто повеќе.Двата дена проба многу малку, затоа што сеуште не е заинтересирана за храна. 7+ сме.
Што се имавте пробано кога воведовте доручек? Ние до сега пробавме морков, тиквица, млад компир, праска, кајсија, јаболко. Една другарка скрос ме збуни сум згрешила што сум давала и зеленчук пошто доручекот е овошје со житарки а вака ќе треба одма и ручек да воведам заради зеленчукот. Па нели треба да проба секако се соодветно за возраста и сега скрос се збунив
И јас сум за, сите педијатри и организации надвор од Мк препорачуваат така, само кај нас затуцаниве уште одат три дена една намирница да се воведува. Ние сме скоро 8 месеци, досега сите алергени воведени, освен мед и реакција на ништо не покажа. Јајце обожава да јади.
Јајце, т. е Жолчка можеш на 7. И јас ја дадов набрзинка, не се водев по принципот како што препорачуваат кај нас. Немаше никаква реакција фала богу. Белка ќе дадам сега уште малку на 10.
Тоа со по 3 дена еве не можам да разберам, цела вечност ми изгледа да воведам се. Јас веќе по 2 дена и давам нов вкус и тоа ми е многу ама ај.