Здраво мајки, денес почнавме со вкусови, дадов морковче, по 3 дена сакам да дадам или јаболка или тиквичка, па сакам да ми препорачате апликација за приготовка набебешка храна. Исто сакам да ве прашам дали ја пасирате или блендирате храната и по колку време почнавте да давате палента и ориз? Секој совет и искуство ми е добредојдено
Му дадов Осоговски мешан, ние што јадеме, не го бендиса така да го јаде ама во тост го тамани без проблем. За белка изрендај цело јајце во палента или кајгана направи.
Јас одма цела дадов. Како се манофестира алергиска реакција? Проба од смоките на сестра му, со кикирики беа, до сега само бебешки јадел, повраќаше како фонтана. Една смока само изеде, за 3 минути се исповрати. Можно е алергија на кикирики да е?
Можно е, маж ми така од јајце повраќа.. па сега ми е страв и на ќере да и дадам да не е на него. Исто ко фонтана од бебе од прво пробување јајце до ден денес исто повраќа. Смешно е дека само ако го јаде јајцето повраќа така млазови, а во торта нема проблем.
Ќе се советуваме заедно и ние сме на почеток дадов морков 3дена па јаболко 2дена па еве денес морков и јаболко заедно. Варам па блендирам ова до сега Утре планирсм банана да пасирам, а со што да ја измешам понатаму со авокадо може ли? И мене ми се потребни совети и искуства
Kolku meseci e bebenceto? Nie sme skoro 5 i ni preporacaa da pocneme veke so vkusovite. Ne znam dali za nepolni 5 meseci smeam da dadam banana? Od ovosje mi spomnaa samo jabolka i krusa?
Палента со карфиол,брокула и тиквица може ли за ручек.Веќе немам идеи што да им давам.Запек имаат избегавам ориз и компир,просо имам инстант ажа тоа шишува со млеко дека може да се прави незнам дали може со вода па да им помешам
Дали замрзнувате кајсии, праски на пример? За да давам од октомври натаму здравје? Не знам какви би биле на вкус, да не се разводенети многу од мразот? Или сезонско да давам само што ќе има тогаш?
5ипол месеци сме почнав со вкусови пред 1 недела од прилика. Докторката ми даде листа кој месец што може да пробува во 5ти месец пишува : круша, јаболко кајсија, праска, слива, банана, морков, компир, тиквица, ориз
Кои безглутенски житарки ги давате за доручек со овошје? Имам земено досега семолина и палента. Што друго може?
Малку касно враќам, мислам на 7 точно дадов и исклучиво домашни јајца од пасени кокошки, никако не давајте од по маркети.