Овес има на холе. Пилешко кога дадовте? И од кај зимате мисиркино? Никад во живот ни јас немам пробано.
Колку грама ти јаде за доручек и во кој сооднос овошје/житарка? Кај моево нема интерес за повеќе од 70тина грама, а педијатарот напнува да имала целосен доручек што ќе мења млеко од барем 150 грама.
190-200гр јаде. Колку една голема каша. Иначе си правам според кутијата што пишува, пример 150мл млеко 3-4 лажички мултигреин, на тоа додавам 4-5 лажички до пола кашичка овошје. Не варам овошје, купувам кашички овошни. Само зеленчук и варам. Правам доручек со ад, не со вода. Иначе да, пожелно е да јаде толку, зашто многу трошат. Сепак не се роботи секој ден исто да јадат, ама ќе зголеми сама, ќе видиш.
Пилешко на 8 дадов, а мисиркино немам уште. Пред некој ден му купив готова каша од babylove со мисиркино, па така ќе му дадам.
Ај уште едно глупо прашање. Докторкава ми рече гледај да има барем 50 грама житарка. Еве ќе правам семолина-млечна каша со вода, дали 50 грама се рачуна тежината на направена каша со се водата или 50 грама од правот во кесичката?
Пилешко имам воведено јас, на холе има кашичка само пилешко и и го мешам со варен зеленчук или компир Мисиркино и јас немам пробано, и и земав кашичка на Хипп ама кога ја отворив многу ми мирисаше тешко и не и ја дадов. Дали мисиркиното има таков тежок мирис?
Што правите кога детето нема интерес за воведување на еден целосен оброк (во случајов доручек)? Едноставно плука и плаче на сѐ што ќе и дадам, не јаде ни 60 гр вкупно, не можам ни да мерам колку изела пола завршува на мои алишта исплукано или по вратот и лигавчето нејзини.
Да ме просветли некој што е семолинa, гриз ли е? Барав оризова млечна каша (според инструкции од педијатар) ама таа на хип е само ориз, нема млеко. Ова за доручек сакам да дадам. Дадов семолина денес малце густо ми испадна ама си го изручка скоро цело. И друго, како мерите грамажа? И направив пола тањирче ама не знам која количина излезе, некако многу ми се виде
За некој ден почнуваме со вкусови и ме фаќа паника малку. Ќе давам наизменично, прв ден зеленчук, втор овошје и сѐ така. Во план сум 2 дена да давам иста намирница. Доволно ли е?
Мултигреин со адаптирано го правиш,уште млеко тетрапак немаш пробано.Јас па еднаш им направив со млеко тетрапак и ставив вода во млекото да небиде чисто млеко и повкусно им беше и јадеа повеќе,ваљда не згрешив.Мада сите околу мене ми викаат демек веќе биле големи да сум им давала тетрапак млеко.Мене малце мие сулудо тоа тетрапак млеко нема никаков витамин хипот е полн со витамини,фала богу досега ми се немаат разболено и дај боже така да тераат понатаму
Доволно е. @nikja со ад давам, мала ми е уште за тетрапак. После година викаат, јас се обидувам да и вметнам ад за да може да ја одбијам.
Семолина е бебешки вид на гриз без глутен. Млечна каша е, се прави само со вода. Инаку мерам со мала кујнска вага, тежината на полно тањирче минус празно. После од тежина на полно минусирам тоа што останало и не го изела. Кај мене ништо не јаде, 50 грама со сила. Еве денес реков ај ќе и воведам доручек и ќе и го скратам утринското млеко по совет на педијатар, направив семолина, излезе околу 150 грама само тоа и додадов 30 грама банана. Од ова не изеде ни 50, а превкусно беше. На крај пак испи млеко. Живци кинам со јадењево, квантна физика ми е плус дете нејадач.
@Feniksgirl мисиркино користам на Виндија, во Кам го има, свежо е. Со години го земам немало проблем. Баш свежо им е, по неколку дена е рокот. Имаат и мелено мисиркино и супер е за ќофтенца, или како за почеток за бебе да не се дави.