Хахахаха и јас сум иста ништо не разбирам, како проста се осеќам. Јас направив семолина сабајлево, колку направив и колку изеде само еден Господ знае.. дај кажи тоа вагата кај да ја најдам хахаха
Исто, научна фантастика ми е, глутен/без глутен, ваква каша, ова со вода, она со млеко, волку грама толку грама. Вчера на педијатар ме бомбардираа со информации и како тоа месец дена пробувам вкусови, а нема оброк детево. Епа не е јадач, како да има кога не сака, во грб ли да и истурам? А тоа да ја станам од хранилка или да и пуштам цртани шанси нема макар гладна седела. Инаку вага, фуего имам најпроста од нептун. Ја купив оти сум на диета со броење калории, излезе да бројам грамови за бебе. https://www.neptun.mk/categories/KUJNSKI_VAGI/VAGA-FUEGO-KS-6
Јас секој ден правам каши, купувам и готови, еднаш ќе се случи едно лажиче ако касне и толку. 7++ сме. Мислам дека изгубив скроз живци
Ама ме утеши сега. Проблемот кај мене е што јас немам премногу трпение, имам некој пола саат и после ме фаќа сафра ми иде тањирчето да го треснам од земја. Башка везе си немам од намирници и готвење и ова ми е комплетно нова територија. Во живот не сум купила житарки дома, додека научам да ги разликувам кое што е и кога се употребува, како испит да спремав се осеќам. Ај ќе речеш доено бебе потешко прифаќа, моево е на ад од прв ден, џабе, пак имаме проблем. Мене ми е грешка што слепо слушам педијатри и форсирам грамажа оти така ми рекле дека “мора”.
Ама види не е дека мора, колку што е препорачливо зашти веќе млекото не ги држи после 6 месеци. Трошат премногу сега, затоа качуваат по 300-400 грама после 6 месеци. Потребно им е за крвта, за енергија и да ги држи. Денес ако изеде 100не е страшно океј е, 50грама е малку. Тоа не значи дека нема да пројаде, полека ќе си накачи. Ако ја тераш со сила уште толку нема да сака. Кај мојата успева и лажиче ако и дадам во кесичка лажичето она го игра и отвара уста.
Багуфче не се оптеретувај со грамажи и колку кое. Води се по неа. Малку по малку ќе пројаде, ни мојата не јаде се, од нешто и се гади прави како да ќе повраќа, нешто сака ептен. Ако не сака и давам лажичето и тањирчето и ја оставам да се шлапа хаха. Секое бебе приказна за себе. И јас тргнав секоја намирница по 3 дена и на крај се напнав не можам еден месец 10 работи ќе воведувам.
Некако од сам старт општо за се ми е во глава дека ништо НЕ МОРА иако прашувам и слушам, дали и колку применувам е мое. Сите деца се различни, некој сега некој покасно ќе зајаде, факт е дека треба да нудиме и дека има деца нејадачи ама не верувам дека има бебиња што при прво пробување на вкус си јадат се. Си одлучив дека ќе нудам се што е во однос на месеци, колку ќе јаде ќе видиме ама не форсирам. Еве веќе една недела пробуваме, не молам со саати пробува неколку пати, плука или голта по нешто ама ако почне да плаче и да се нервира завршувам и не нудам повеќе. Денес беше банана, една лажичка дали касна ама уста важно отвара И мене ми е многу стресно да не згрешам и што и како да комбинирам, па затоа ќе досадувам овде вие што сте со повеќе искуство да помагате После банана ќе дадам авокадо чисто, па заедно авокадо и банана.
Моево зеленчук одбегнува ептен. Едвај две три лажички и плука. Овошје комотно 100 грама може да ги фукне наеднаш. И сеа не знам што да правам, дали да форсирам зеленчук почесто да се навикне…
Stavi mu zelencuk vo ovosjeto. Primer ovosje i eden morkov, ovosje i sladok kompir, ovosje i spankj...
Мајки со што комбинирате кравјо млеко и како да го воведам ? Ќе почнуваме во градинка,а таму на мени имаат па морам да го дадам.
11++ ја држам до 5 часа нецицана, ама доаѓа време за дремка и заспиваме на цице. Јаде на пример една минутка, сама она парчиња или јас што ќе и набутам у уста за таа минутка. После и здосадува кенка и се тегне... Млечно несмееме зошто со реакција сме, баш сум лимитирана за исхрана. И правам и шмукалчиња во оние од твистшејк, и правам и плескавички и палачинки... Јаде, но само минутка. Највеќе ми јаде кога и нудам храна цел ден, те парче авокадо, те смока, те палачинче, бисквита, ако јас јадам нешто обавезно зима... Ама знам дека не е здрава врска со храната ова и баш ми е шубе. Вака буце е, никој не ми верува дека не јаде детево... Хелп.
Зедов едни скроз ситни макарончиња, се мислам така да му ги дадам неблендирани, или ќе му се лепат? Или да ги испасирам евентуално..
@Feniksgirl Ако најдеш домашен не третиран, најдобро, ако не беби спанаќ од оние во кеса што ги продаваат. Јас имам дадено и од пазарче обичен кога не наоѓам беби
Јас на пазар барав, ми рекоа сега нема, само блитва, па здемав блитва. Од маркет не земај мн се прскани.
Па зависи како ти јаде бебле, јас скоро дадов тестенини, домашни јуфки исецкани и макарони од оние како спирали но откако воведов цело јајце инаку и давав од тараната без јајце што е, без да ја блендирам.