Баба ми има младо петле, ми вика добро било за бебе. Сте давале? Јас мислев пиле да купам од негде домашно.
И јас барав домашно пиле, ми кажаа дека по селата кокошки ретко продавале ради јајцата па ќе ми дале петле... Баш сакав исто да прашам...
Моево дете уста не отвара, не па цел доручек да и воведам. Денес направив три различни млечни каши со овошје, ниедна не сака. Не отвара уста ни на првото лажиче, не па да изеде нешто повеќе. Само што ќе ја види лажичката стиска уста, јазикот напред задебелува и ништо, после 2 минути почнува и да плаче. Не може да не е гладна, 6 часа претходно не е јадена. Нервен слом имам од сабајле, кујната бомба, детево пак нејадено.
Пробај лажичка смени или со прсти давај и... Мојава лажица да не види. И купив и онакви ергономски за нејзиното раче, џабе. Само со прсти, сама.
Полека, премногу време не е јадена и затоа не сака, плус и од топло. Не ја огладнувај премногу, баш напротив тогаш ништо нема да прифати. Еве и мојата првата недела топ се јадеше, после следната не бе уста не отвара никако, па со песнички со мајмуни изигравање одвај пола каша. Следната недела пак нормално јадеше. Имаат и такви периоди, не се нервирај.
Не дека намерно ја огладнувам, давам доручек после ноќното спиење каде што последно млеко и е во 3 сабајле. Педијатаров ми кажа исфрли и го утринското млеко, дај и доручек место него и затоа така правам, околу 8 ја седнувам за доручек и цел саат+ се молиме за едно лажиче, значи не јаде ниедно не па повеќе, на прво лажиче устата запечатена. Кога пробувавме чисти вкусови пак отвараше уста, откако почнав да и ставам житарки воопшто не сака ни 1 грам.
Не се секирај, знам дека не ја огладнуваш намерно. Со ад и ги правиш кашите? Да пробаш со ад ако ги правиш со вода да смениш. Мојата така ги јаде, а одбива да пие ад, ама вака и се слатки. Ќе пројаде, не се нервирај стварно, пробај со нешто да ја занимаваш, да е замајана, мојата така оствара уста, и ја давам храна. Стварно не се секирај, ќе посака. Имаат вакви моменти, ако толку не сака дај млекце, ќе дадеш утре пак, не се форсирајте и двете.
А да пробаш да и дадеш сама да фати како да си игра ? Полни и го лажичето и дај и го полно. Јас имам силиконски од тему и како глодалка и доаѓа, некогаш сама го зима лажичето и си го грицка па може така успат ќе касне нешто твојава. Само пази прскаат ѕидови така хахаха на средина во дневна или кујна стави ја
Тие што се млечните и ги правам со вода, а тие што се без млеко во состав со ад млекото што си го пие. Ги пробувам и јас, стварно се вкусни не дека се лоши на вкус, баш имаат богат убав вкус. Она е ептен незаинтересирана ни за една лажичка, не дека и се згадува од прва па ајде да не сака да продолжи. Маж ми изиграва мајмун 2 дена касни на работа демек да ја занимава со играчки, со песнички, не бре брате. Му се смее него, а ќе види лажичето блиску дека е запечатува. Недај боже да и влезе малку храна во уста, одма плука како фонтана.
Да ти сликам 5 различни лажички имаме испрљано од сабајле, исто со силиконска пробував демек да и биде како глодалка и таа финта ми ја провали и толку беше. Нејадач на годината. А исти сме биле и јас и татко и како бебиња и тодлери за жал.
Исто плука сега и само овошје. Сабајле пробав на две посебни места ми беа, неќеше ни вака ни така. После ги измешав, пак џабе. Ќе одморам една недела оти се тресам од нервоза 3 дена секое сабајле ми почнува со нервен слом.
Епа ете , не сака храна. Не е до житарките. Може и забите се да знаеш, не сакаше таа недела и после заб гледам, па си јадеше одма нормално пак.
Уште не пие АД? Јас не знам што да правам, следен месец почнувам на работа. Ќе биде 10 месеци. Дали доење преку ден да заменам со АД или со ужина? Тебе како те советуваа?
Леле јас што читам овде што купувате и што спремате абе како од марс да сум падната приглупа се осеќам жими се. Денес дадов авокадо леле какви нагони за повраќање му идеа, една лажичка дали касна, па си плачам дали ќе зајаде оти не покажува интерес па маж ми ме теши мал е, ти би јадела ли авокадо така бла бла Пишува на листата и ориз дека може да проба, каков да купам? Тиквица планирам деновиве да дадам првпат да ја сварам само и изблендирам така? А после со што може да ја комбинирам Ако имате одговори, пуцајте