Дај си прво овошје и зеленчук па ќе дадеш ориз, не се секирај, реално бљунтаво е авокадото за така да го сака. Ќе сака полека се да јаде. Не… не знам за неполни два месеци треба да почнам, најверојатно ќе вметнам ужина… некако и градиве како пача ми се, не знам зашто а имаме доручек и ручек, следна недела ќе почнам да воведувам и вечера, и плус цица 4-5 пати… не знам што е со градиве.. еднава дури многу поспоро се полни а не цица ништо поразлично не ми било така.
Вики јас возрасна неќам авокадо не па бебињата хахахах. Seriously никогаш не сум купила. Викаат со банана смешано било убаво Инаку исто, само демнам по темиве за храна и читам да се едуцирам, во дм по 40 мин на рафтови ги читав кое што е. Мајка ми вика јас не памтам вас да морав житарки да ти давам, од кај измислувате нови работи. Инаку потрошив 1500 денари на хипп производи млечни и немлечни каши, од тие ниедно неќе со живи очи да го види, устата патент. Ориз има на хипп инстант ама кога ќе дојде ред мислам можеш и обичен бел оти оризот е безглутенски производ. Тиквица меѓу првите вкусови дадов, имаше период отвараше уста за 4-5 лажички, чиста ја давав варена јас. Инаку оди со компир, со морков
Се менуваат хормоните затоа моево е 9 месеци, има 3 оброци и 4 пати цица. Сакам дневните подои да ги заменам со друго полека али не знам што е паметно. Матичниот ми рече ужинка со вода (а не пие вода). Другарка (педијатар) ми рече млекото е сеуште битно, давај АД. И немам појма што како
Мене ми е страв да не снемам, зашто не прифаќа ад… што ќе правам тогаш. Некако многу ми се пача градиве наеднаш… дури и сабајле не ми се камен, а до пред некој ден ми беа. Не знам што се деси наеднаш. Не знам како се кај тебе градите, а вака голта ја слушам кога цица. Сега и забите ја чешаат, долните никнаа.
Не се грижи, се додека цица ќе имаш млеко. Може не пиеш доволно вода на жешково? Гледам мајки на форумов на 9 месеци даваат една, па и две ужинки. Можеби така најдобро ќе биде во твојот случај кога веќе одбива АД.
Ама искрено се дупнав веќе од пиење вода и течности.. значи ми се повраќа веќе, не ми ни прија толку течности. Ама се препотувам премногу, што дишам се потам..
Јас па мн сакам авокадо, дури и така без ништо ми е убаво Шопска си правам и авокадо и ставам И бебе мое го обожава од старт чисто. Понеутрални вкусови мн сака. Кога воведував од тиквичка и авокадо највоодушевена беше. А благо мн не сака. Ако е кашата поблага (со некое поблаго овошје), едвај ја дојадува. @Feniksgirl и мене пача ми се доста време и ни капка веќе не протекува од другата кога цица. А пијам вода многу, јадам не сум на никакви диети и па меки. И тоа цица мојава ноќе 2,3,4 пати... преку ден 3х пати, стимулација имам... а градиве пача и бебе слабо мочка (ама мн се поти, дури и по 2 пати ја туширам во ден). Ама има 3х оброци, од 230-250г каша, една ужинка (овошје некое или готово шмукалче од 100г). Плус чат-пат некоја смока ќе грицне (ова ако ми треба да е мирна) и дека вода не ми сака, мешам сокче со вода и така пивнува колку-толку. Не гледам потреба на сето ова и адаптирано или др млеко да пие.. Мислам ова со градите е нормално..
Мене нагло вака ми се направија и плус еднава многу споро се полни, не знам зашто, наизменично цица од кога е родена. Ние два оброка, сега ќе почнам и вечера и цица 4-5 пати. Навечер не цица, спие вела вечер. А пијам течности ама се потам, и мојата слабо моча, навечер веќе месец дена не моча… не преполнува пелени, ги мокри си мочка ама не е како што мочала, ама жива вода се прави, премногу е склетџика. Оброците ни се по 200грама. Иначе не сака многу вода и сок исто пробав така не сака ни тоа.
И кај мене беше како наеднаш. Течев на секое, струички осеќав надоаѓање. И наеднаш прекина све тоа, нит течам.. нит струи имам. Може да се деси пример и 10ч да не цица (ова преку ден), јас никаква мака иам, нит се преполнува, ниту ме заболува града. Ваљда колку повеќе јадат, млеково си се намалува. А исто слушам голта ли голта, ако стискам прска млеко.. чудно ми е со слабово мочкање, ама 99% е вака поради потењето...
@Feniksgirl можеби организмот веќе се изморува, 10 + месеци не се малку, не сме машини ... леле вака кога ве читам дека јадат 200+ грама се чудам. Моето е 9+ , доручек 150, ручек 150 вечера евентуално една голема тегличка
Значи се што опиша буквално е исто кај нас. Од 5ти месец почнав, па пауза до 6ти. Сега е 7ми и нема промена. Секое утро сум со плачење од нејзината одбивност кон храната.
Исто, денес кога ја легнав за прва дремка имав нервен слом со плачење. Не изеде ни 1 грам од кашичката. Веќе страшна нервоза ме фаќа и бутам со сила, она плаче, јас плачам со неа, на крај ништо не се дешава освен што веројатно полека и стварам аверзија и фрлам се во канта. И многу се нервирам кога ќе ми рече некој не ја форсирај, нека јаде колку што сака, а колку што сака е 0. Неа на прва лажичка и е устата запечатена, не дека пробала па се гади или да не и се свиѓа. Милион комбинации сум пробала на разни вкусови, ништо не сака.
Не љупам, исечено на коцки, поголеми помали како сакаш и со апаратче за вакумирање од горење, вакумира и ја затвара кесата и во фрижидер тоа.
Забите се сигурно, не плачете, стварно еве ништо немаше ама буквалнооо, утрето станувам заб, не се познава физички секогаш. Колку што знам твојата јадеше, сега не сака, значи нешто ја мачи. Стварно ќе пројадат ќе видите, битно не се откажувајте, по малку пробувајте секој ден. Мојата јаде кога е замајана.
Елај си да се гушнеме. Кога те читам мислам дека јас сум го напишала. Може ќе дојдат убави денови и за нас.
Мојава госпоѓа денес и вчера јаде околу 120грама млечна каша со овошје. И правам 150 ама не стигаме до таму, јас си ја дојадувам. Најверојатно многу и доаѓа и го затвора муцето и ми се трга. Е сега ова да го сметам дека е најадена или како? Малце е за да замени оброк така? Ама па и не е толку малце за да и дадам да цица одма после тоа. Како да правам?
Супер е, полека сама ќе накачува, до 7 месеци веќе ќе си јаде 200 сигурно. Најадена е да, после саат и пол минимум дади града.