Па не, мене педијатар ми рече коа ќе јаде количина колку голема каша тогаш е оброк, сега полека ќе накачува само количина, и мојата јадеше мала каша количина па после сама си накачи до 200гр.
Епа и јас така знам ама нели е многу после кашичката саат ипол да чекам за доење? Нели е гладна ако не е оброк цел тоа?
Јас да пријавам дека денес банана и авокадо јадеше не плукна ич ни па му се ствараа нагони за повраќање. Не дека којзнае колку ама 4-5лажички ги кркна @baguf4e колкава е бебка мислам дека малку сте поголеми од нас... а да направиш пауза малку некој ден. Мене докторката ми кажа на сила ништо да не давам, да му наполнам лажичка и тој сам да се доближи да отвори уста да лапне оти ако ставам насилно во уста ќе му се створи одбивност и нема да сака да јаде... тоа го послушав како совет само. Ќе зајадат не дека не овие нервози за џабе ќе ни бидат ќе видиш Утре планирам нектарина да дадам да ја изблендирам свежа или да ја сварам малку
Во понеделник правиме 6 месеци ние, ама со вкусови почнавме на рамни 5, веќе цел месец е некако без напредок. На почеток ќе каснеше малце 2-3 лажички, сега воопшто не отвара уста. Утре ќе проба маж ми дека е дома каква ќе му биде среќата, ако пак не сака ќе одмориме 2-3 дена па ќе пробам пак. Сакав да и воведам доручек бидејќи веќе месец дека пробуваме ама којзнае кога ќе биде тоа со вакво темпо. Свари ја малку нектарината. Јас варев праска.
Што давате за вечера? Има 7+ и педијатарот ми рече да воведам уште еден оброк за подобро да спие навечер (се буди по неколку пати). Пробав млечна каша, но со вода и малку јогурт и не ја сака.
Wow, зашто ваков совет. До сега колку оброци имате? И еве да воведеш, што после ако пак не спие убаво навечер?
Доручек и ручек, но не јаде повеќе од 80-100гр. на оброк. Веќе немам идеи што да јаде за трет оброк, освен да правам поголема количина за ручек и да и го дадам на два пати.
Пробај да го презаспиеш поинаку, не брзај одма вечера, не знам кога си почнала со воведување на вкусови, ама ако е од 6, пребрзо е и вечера. Со цуце да го залажеш или со галкање нешто. Да не го мачат заби, и од тоа знае да им се наруши сонот.
За вечера идеите се едни исти.. млечна ноќна каша од кутија/тегла, житарка овошје, или житарка млечно или микс.. Пример гриз банана, палента грчки јогурт, овес боровинки јогурт.. Инаку зависи и кога сте почнале со храна, ние почнавме со вкусови на 5ипол, 6 воведов доручек, 7 ручек, 8 полни вечера. А тоа дали ќе спие навечер или не никој не може да знае, не е баш секогаш глад во прашање..
Во Ремедика истиот совет го добив, на 7+ веќе и вечера да и воведам. Воведов и ништо драстично не се смени со станувањето.. Извади запче тој период и тргна цел процес и на другите заби, па сеуште не спие убаво дека има и други заби во најава (се буди од еднаш до 3,4 пати), а 11м е.