Па јас ручек дадов од полни 7, постепено воведував, веќе јаде 200грама, сега треба да почнам со вечера, па дали да почекам 8 или да си почнам дека веќе јаде ручек.
Здраво, бебето е 5 месеци и 10дена денес му дадов две лажички јаболко варено и блендирано. Убаво прифати сакаше уште но ми беше страв, ќе продолжам утре со јаболко пак, дали за 2-3 недели треба да му воведам како оброк? Дека на доење сме после 15мин му дадов да цица, пред тоа 1 час имаше поминато од цицање.
Дали може прво да воведам ручек? Овошје и житарки не ми прифаќа никако, само се мачиме. На ручек по малку прифаќа компир како база со друг зеленчук. Денес изеде 60 грама што во споредба со доручек е 100% повеќе.
Може, не би требало да има врска некаква..да знаеш порано со ручек почнувале сите Така биле препораките од педијатар. Те читам колку си заангажирана и ме потсетуваш на мене на почетокот Не се оптеретувај, најважно е постепено да се воведат 3 оброка и редовно да пие млеко бебе да е нахрането и спокојно, а спокојна и ти
Ама не воведов на полни 7, на почни 7 почнав да воведувам, сега и воведов. Од 8 ќе почнам со воведување на вечера.
Фала ти. Знам на другарка педијатарот прво и рече ручек да воведе и они така почнаа. Не знаев дали има некое златно правило или не. Се мислев штом прифаќа по малку ручек да почнам со тоа постепено. И тебе ли ти одбиваше на почеток како моето? Вечити страв имам да не ми ослабе од нејадење и затоа сум вака преангажирана. Млеко си пие, тоа си сака.
Ај да прашам одамна ме немаше овде, два три дена 1. Не можам да најдам праска чиста, дачо можам да и дадам за проба мешана кашичка на хип јаболче и праска што е (јаболче имам дадено) 2. Вчера јадеше млечна каша семолина со кајсија сигурно околу 130 грама изеде не знам точно. После саат ипол и дадов да цица и поврати ептен многу првпат, изгледа и дојде многу млекото. Можно е да не беше толку огладнета ? 3. Сабајле станува и цица,спие прва дремка па јаде како доручек, и дури после саат ипол 2 и давам пак да цица, пред втора дремка. Според мене ја веќе имам воведено доручек??? Иако не јаде уште по 180 грама ама очигледно ја држи. 6300 сме иначе
Уште не сум ги дала овие засладувачи, ама општо ја гледам дека не и се свиѓаат благи вкусови воопшто. Штом банана не сака што останало за другото…
Мајки, дали може да и дадам прво ручек? Пробувам наутро, но не сака никако овошје. Денес од ручекот проба две лажички. Долг период не отвораше уста за доручек, па реков да пробам со ручек. Ќе славам кога моево дете ќе почне да јаде.
Даа, јас таква дадов. Имаш доручек очигледно. Многу рано е после саат и пол, не е млеко тоа, житарки, овошје, ја држи. Давај покасно да цица.
Ние од утре почнуваме. Колку време одприлика да пробуваме вкусови пред да воведам доручек? 3-4 недели? И кога да се почне со житарки? И уште нешто, водата ја давате на собна температура претпоставувам?
Јас се по два дена пробував. Две недели од прилика ќе ти треба за првите вкуови после тоа можеш да почнеш со житарка и овошје и постепено да му накачуваш и месец ќе те фати да виведеш доручек. Да стандард водата ко за нас.