Мојот од памет ме извади првиот ден со вкусови - морков. Кога фати да се тресе, со нагони, да се влече надоле во хранилката, да кашла..си реков што ќе праам со детево а ја уствари ептен сум го погодила - ден денес мрази морков ахахах, по малку му ставам да не го осеќа. По препорака на педијатар, да му дадам купечка Хип јаболче, ако има иста реакција да почекам недела дена па пак да пробам..утрето си лапна 5-6 лажички од таа, 2 недели така давав вкусови..и точно на 6м воведов доручек 120г..кратко после тоа почна да бара 150, па 180, па 220-250 и сега јаде 300г
Има чиста праска на Бебивита во Веро голема тегла. И мене ми повраќаше ако после оброк скоро давав да цица, а давав бидејќи само така се успиваше..минимум 2ч ми рекоа и од тогаш океј е. За оброк се смета над 100г ми рекоа мене.
Сите различно..мада најлогично ми даде одговор - се што е над 100г е доволна количина на почеток да засити, понатака секако ќе зголемува..да не се оптеретувам колку количински јаде тоа си е индивидуално. Баш се смееме со другарка вчера дека нема правило: моево 11м, јаде по кило храна на ден 3х300г цица 5 пати и има едвај 9кг и нешто ситно Нејзинава женска 9м, на АД е и одбива т.е малце пие, јаде едвај 60-80г а некогаш и ич и има 10ипол кила ахахахаха
Па реално логично е ова со над 100грама.. не јаде секое бебе исто, и плус некое може два месеци нема да стигне до 180 грама, значи 2 месеци нема да има доручек..
Каква житарка даваш со овошје? Досега проба јаболка, банана, круша, морков, компир, тиквичка и брокула. Засега најмногу сака јаболка и банана. Зеленчукот не го сака баш. А и јас и житаркиве не се дружиме баш. Со палента да мешам овошје? Оризот за ручек ми оди. Инаку и ние сме со тој распоред како @Dodo1, цица пред првата дремка, спие, па давам доручек и секогаш јаде различна количина, ама повеќе од 100 грама досега нема изедено. Потоа пак цица, па втора дремка. Мислев да не грешам со тоа што цица, спие, па давам каша.
А мојата па ми кажа кога ќе јаде по 80грама за почеток како мала тегличка каша да рачунам како оброк за старт Дур пробува да давам по неколку лажички. Денес јадеше праска втор ден 4 лажички може касна и му здосадува почнува да плаче и не форсирам колку ќе касне толку,барем додека воведувам нови вкусови
Да и мојата е шпагета. Си има бутки ама долга е ко татко и. А што фино си имав замисла за буце бебе. Семолина дади, без глутен е, гриз е тоа. Исто овес, јас имам воведено глутен и мултигреин давам исто, можеш просо, палента мојата не сака. Иначе можеш со палента исто. Леле страшно, сите различно. Јас 100 играчки и давам додека јаде, хаха. Иначе досадно и станува во хранилката.
Прави си компоти, далеку подобра опција од замрзнување. И вкусот поубав, и повеќе од витамините се задржуваат, и полесно и попрактично после за користење. И плус ќе имаш и здраво сокче
Збориш со човек што благе везе нема од готвење и кујна. Како се прават компоти? Како изгледаат? Како се замрзнуваат? Или не се замрзнуваат?
Прв ден пробуваме, морков дадов. Може 30-40гр изеде и се отвара муце сака уште. Лелеее не знаете колку сум среќна хахаха Само нека остане вака, како за првпат супер е, душа мајкина.
свежо овошје убаво го миеш, го сецкаш и го редиш во тегли. По правило се става и шеќер, ама јас коа ми беше бебе не ставив ич шеќер, а следното лето коа беше над 2 год ставав по малку кафеав. Теглата ја полниш со овошје 2/3, и потоа ставаш вода, еден прст пред врвот. Затвараш убаво теглите, и ги ставаш во тенџере со вода да вријат теглите. Се варат на умерен оган 15-20 мин, после исклучуваш и стоат теглите во вода додека не се излади. И тоа е тоа. Кога ќе отвараш да даваш на бебе обавезно пробуваш да не некое скиснало, оти сепак е домашна процедура и се дешава теглата да дише ако не е убаво затворена. Компоти не се замрзнуваат и изгледаат како овошје во тегла со сок хахах Прашај дома некоја баба, тетка ќе знае сигурно
Па јас дадов 5 овошки и почнав со житарки, и така полека почнав да давам доручек. Еве денес изеде семолина со праска и круша 150 грама веќе имаме доручек.
Дали некоја го користи блендерот на филипс што готви на пареа? Како сте задоволни? Дали вреди? Дали вари месо?
Мајки, утре ќе користам хип кашичка. Откако ќе ја отворам и дадам неколку лажички, може ли да ми стои во фрижидер и да ја искористам другиот ден?