И мојот е рачен, обичен, не е некоја марка. Супер ми блендира, еве сега и кашичките на син ми се баш убаво блендирани. Водичка ставаш ли малку или млеко?
Пробај. Јас и за нас кога правам дома пире од варен компир ставам ептен малку од водичката и путер и преубаво го бленда во ептен мека структура. Пробај и кажи ни утре како испаднало.
Другарчето chat gpt вика од 8м, а на pedijatar.mk прочитав дека се од 12м. Така да најдобро да се консултираш со педијатар мила.
Јас лубеница дадов. После тоа видов од 8 месеци била. Цело парче дадов, кога го расшмука на најјако. Малини и капини имам органски смрзнати, ќе давам и тоа од кај 7.
И јас сакав да дадам капини, педијатар ми рече до година не. А можам да се снабдам со домашни, најверојатно ќе дадам сега порано
Убаво пиша @Feniksgirl, се што е сезонски давај. Еве јас сега капини и малини сум во план да дадам. Ние сме поголеми од вас, ама ќе искористам што можам да најдам одгледувани во домашни услови
Дали веќе и воведе доручек? Прво кога ќе стане пие млеко или доручек и даваш? Јас не знам како ќе правиме станува околу 8,9 ако и дадам прво млеко кога да и го дадам доручекот?
Не знам дали да рачунам воведено, од кога сме почнати само вчера изеде така поголема количина што ја држеше сита 3 саати. Ќе видам денес како ќе биде. Инаку моево на утринско станување не е расположено ни за млеко, не па за храна. Ама станува порано меѓу 6:30-7. Во 7:30 пие 120мл млеко, па играме, па спие прва дремка, тек накај 10ипол ја седнувам за доручек. Имавме млеко во 12, ама сега тоа го поместувам покасно накај време за ручек (14-14:30). После пие уште едно околу 17ч ама многу мала количина околу 90. Фактички не кратам ниедно млеко скроз, ќе го скратам тоа што го поместив кога ќе воведам ручек.
Во какво тенџерче варите?Од следен месец почнувам со вкусови па полека се спремам.Набавив тањирчиња и лажички ,тенџерче ми е на мисла од каде.Блендери имам.Дали да земам апарат на пареа или сепак тенџерче.Вода нема пробано уште,да почнам веднаш по вкусот и колку?Дали од шишенце или чашки некои?