Не сум купувала посебно за дете. Пред да почнеме едно најмало што ретко го користивме го измив убаво, зоврев и го назначив за неа. Не за друго туку останатите домашни да не го користат. Вода почнав од шише ама кај мене беше на Ад и веќе пиеше од шише. Плус чаша со клунче од Chicco 4+ месеци зедов. Не ја искористивме многу. Ако сакаш посебно тенџерче, на Металац има детски, можеш такво.
И ние сме на АД но досега не сум дала вода,па се мислев дали од шишенце или чашки да купам.Или секако да купам па да видам како ќе покаже
Ќерка ми до ден, денес не е обожавател на вода и не знам колку чашки имам сменето од евтини, до најскапи. Само префаќам низ дома. Последно од најобична пластична со вградена цефка што се, некои 30-40 денари, се изнапи како да не видела. А кога воведувавме храна баш вака лето не фати, на глава уште што не застанував, па и минатото лето на 1,5 година, да пие повеќе течности. Не лажиче, не шише, не чаша, пластична, стаклена, хартиена, се можно.
Едно по едно. Не трупај од одма. Може од старт и со шишињата дома што ќе имаш ќе пие. Пробај така прво.
Убави има и во Крусел. Јас од таму и купив. Мало тенџере, со проѕирен капак. Мн убави шаренки има, има и детски
Има на металец преку ананас на попуст сет, имаше машко со дино а женското со еднорог не знам дали го има.
Во колку саат давате доручек, ручек? Мојава станува во 7ипол, цица одма. За саат ипол два отприлика ја успивам за втора дремка и после дремката и давам доручек. Малце ме фаќа касно, треба после доручек да дадам да цица па да јаде ручек? Така ќе ме фати многу касно па за ручекот а и за давање нов вкус. Дали можам после доручекот два саати отприлика да дадам да проба нов вкус па после тоа да цица? Инаку не и давам доручек пред прва дремка зашто ем не е убаво огладнета ем е кенкава пред спиење, ништо нема да изеде..
И мене ме интересира баш истово со тоа што станува околу 8,9 па се ме фаќа касно кога ќе воведуваме и доручек и нов вкус
И овие на Крусел се истите. Исто мислам со Дино и со еднорози беа детските, а може имаше и Мини. Металац било и моево.. Иначе еднаш варев месо, го заборавив и го направив ќумур тенџерто. Се изми, пак е добро и на толку триење
Ме утеши… не сака и не сака вода никако. Кажи каква е таа чаша??? Јас така правам. Станува и цица, за саат импол доручкува и одма после тоа куфер хахах. Иначе како што почна да спие по 2 саати ќе ми дојде 12 доручек а тоа шанса нема.
Не знам колкаво беше твоето Почнавме со ваква https://www.encimenci.com.mk/chasha-plastichna-200ml-4m-transition-cup-za-devo-che-chicco-691110000 Па со цефки од Canpool и Авент Па обични отворени чаши. Па од Ваикики и Синсеј еден куп имаме, со мачки, кучки, Вини Пу, Кити и се по список. Инаку најобичната е ваква https://adziko.mk/products/casa-so-cevka-bsf-00964 Сметај моево е 2,5 години сега Едит: за појадок секогаш сум гледала да не е подоцна од 9 наутро. Бидејќи на АД, млекото на кај 5 што го пиеше и го сметав за прво. И после кога ќе стане, дали во 7:30, 8:30 веднаш појадок.
И син ми не пиеше. Кога почнавме со сол, пие. Не многу, докај 100мл доаѓа дневно. Некогаш помалку. Го нудам повеќе пати, знае да ми турне рака кога нејќе, кога сака, си пие. Претходно ептен слабо. Со сол почнав некој ден пред годинка.