Неам мн време да ти објаснувам, јас некако и по совети од педијатри и инстинктивно сум се водела за сите 3ца... Може од помош ќе ти е ова. Вода не сум давала...
Па нели кај 10 часот да е доручекот?леле фак уште толку се испомешав.Леле и грамови да мерам ли треба.Изгинав како ќе постигнам.
Немораш да ти е точно во толку. Сама ќе си одредиш кога ќе ти биде според распоредот на твоето бебче... Јас имав период прво цицаше сабајле и по 2ч доручек, а после па свртев обратно. И уште така обратно терам зошо во 10 и е првата дремка. Станува 7, каша 8, цица во 10 за спиење...
Ама јас бидејќи со вкусови ќе почнам нели не менувам распоред за млеко.Ние сме комбинирано прво цица па АД ама небитно.Во 7ипол наутро млеко пие,па следното 10ипол 11 му е.Не знам во кој период да почнам со оглед дека ќе е многу малце неколку лажички нели.Ептен ме буни а и главава ко на пасење ми е
Почека, и ја вака бев, после само ти доаѓа и си фаќаш ред. Сабајле ќе дадеш накај 10, секако по некоја лажичка даваш прво. После како ќе јаде оброк ќе си тргаш подој, ќе внесеш оброк. Лесно е, не е толку тешко.
Јаткасти плодови кога сте дале? И дали преку путер? Сега читав во една група на Фб дека Јаткасти даваат преку путер на околу 10м. Јас Абер немав хахах
Млеко пие во 7ипол 8,после заспива веднаш наутро.Се буди до 9ипол.Во 10ипол 11 треба да е следно млеко,кога да му дадам вкус?Да не е блиску до млекото дека на АД сме.
Тогаш ќе му дадеш, во 10 и пол, тоа се неколку лажички и можеш млеко да дадеш, сепак 5 лажички се во прашање, кога ќе има оброк тоа млеко ќе го тргнеш и ќе има доручек.