Јас не следев табели само внимавав за јајцето, медот, сол да не давам до 1год, шеќери исто и тоа е тоа аа да, и само глутен видов информативно кога смее. Другото овошје, зеленчук, си давав, ако беше сезона, и давав. Месо не памтам кое прво кое второ лабава си бев на темава некако, детево нај веќе си го следев. Иии од око и готвам сè фала богу па се погоди јадач што уста не затвара
И јас вака како тебе исто. Давам сѐ што има, а фала богу лето и сезона има доста избор. А денес случајно видов дека сум дала мултигреин на хипп од тој со глутен изгледа сум воведила на несакајќи. Лубеница, диња, капини имам дадено иако пишува покасно. Ќе дадам и малини сега наскоро да пројдат неколку дена од вакцините. Маслиново негде пишува од 7м, јас на 6 и капнав во каша од компир. Немам дете јадач ко твоето ама битно е дека пробуваме. Може ќе стане еден ден хаха.
Колку време го варите телешкото? Дали за еден оброк или за повеќе и замрзнувате? Го блендирате? И со што го комбинирате?
Варам цела ноќ, блендирам и делам у кесички. Одкоа ќе одмрзнам го ставам уште еднаш на висока температура т.е. правам плескавички со зеленчук или мешунки. Водата од варивото исто така ја користам.
На здравје да и е кашата, ич да не ја мислиш за јадењето, да не и се секираш зошто многу менуваат. Мојава се погоди јадач, дали 3 пати покажала дека не и се јаде, ја срцев удар, едвај чекав покасно да дојде за да касне. Ни тоа не пазев нешто посебно, нов вкус до одреден саат сеа не и давав во 21ч нов вкус, ама знаев да дадам и во 17ч пример. Можеби е јадач ама затоа до 1 год душичката ми ја извади, имаше проблеми со спиењето. Едвај ја доведов во ред да знаеме што е доручек/ручек/вечера. Минатата год на 6 7 месеци, јадеше овошје од шмукалче онаа цуцлана, еве ја годинава се гади ако и дадам парчиња праска на пр. Па и правам финти да касне. Банана обожава, по цела јаде, држи со раце и сама тера е сеа знае да и се гади пример од зрна грашок, леќа, па и мешам со лепче нешто и ќе си изеде. Зборов ми е, си јаде сè ама знае да негодува за текстура ли, вкус ли...така ќе научиш и ти што ќе бара твојава и ќе си јаде.
Јас и ја правам со малку путерче и обично со млечни. Кисело млеко, павлака, грчки јогурт. Можеш и за ручек да и дадеш. Јас и давам појадок или вечера ама мојава е голема и има асални оброци па друго е кај неа.
Исецкано на коцки дури не омекне убаво да се распаѓа, на тивко. Сосе кромидче и морковче се се вари. После тоа во теглички мали сосе водичката собирам, се лади, затворам, и замрзнувам. Кога треба вадам тегличка. Кога почнуваше со месо, откако ке се размрзне, блендирав сосе зеленчукот и полека преминувавме на повеќе парченца. Првин ептен ситни, после така да може да жвака. Сега онака ситно со ноже сецкано го јаде. Има 11ипол месеци. Веќе не му готвам посебно, јаде од нашите ручеци ама со минимално сол и без запршка. И онака знаев и претходно да не запржувам.
Јас веќе сум без идеја за вечерите. Тарана, јуфки, гриз со банана и млеко, кексолино со јаболко и камилица, палента со абц, дробено лебче со јогуртче.... стварно не знам што би друго. Дај некоја идеја
Да, во калапчиња за мраз ја замрзнувам и понекогаш и давам да ја пие водичката, убаво е за цревата и желудничето. А башка понекогаш ќе ставам една коцка бујон со плус малку водичка па на тивко да и се вари некој зеленчук. А плескавичките, како ми дојде искрено, најчесто од мојот ручек што иам зеленчук ќе и измешам со мевцето и ѝ ги запекувам или у тавче со капка масло. Верувам во долго и тивко готвење. Многу е поубаво да се искрчка мевцето на тивка температура околу 50-60 степени, подолго време. Се распаѓа сврзното ткиво и месото станува ,, путер". Полесно е и за варење, и за конзумирање и за џвакање.
Абе и јас го блендирам телешкото ама структурата на месото е различна. Башка ми е битен бујонот. Тоа бејби биф толку е суво месо што јас да го јадам така ќе се задавам...
Па јас зимам телешко од Атанасовски и се вари за 45мин до саат и е премеко. Не сум имала таков проблем.
Да во каши со зеленчук, и јас ставам од бујонот обавезно, со него блендам, си бара течност за блендање.
Да ти кажам искрено, и јас неколку јадења вртев во круг. Ама ќе менувам нешто дефинитивно. Можеш да дадеш тост со нешто кашкавалче или што си јаде и од страна со павлака/грчки јогурт колку да не му е суво. Мојава знае да касне кифлички, ѓеврече. Мафини, палачинки солени/благи, лепче мачкано со путер и домашно слатко итн итн. Јас ја следам на инста страната Малиот гурман па од таму ќе готвам нешто. Еве идеи од некоја страна за палачинчиња.