Од каде купувате телешко и пилешко месо? Треба да и воведам, тешко ни оди со хранава, да видам дали ќе сака да проба мевце.
Не знам дали си пробала да и дадеш сама да јаде? Да пробаш нешто поразлично, пример да грицка? Иначе телешко од Атанасовски, а полешко само од Холе кашичка сум дала, не ми е ништо сигурно.
Ми е страв парченца да и давам, и дадов круша и јаболче цели и тие ги шмукаше, а како каша не јаде овошје. Зеленчук почна малку да јаде, но вчера ништо. Сака текстурата или да е течна скроз или вака сама да си шмука, но тогаш тоа не е јадење оброк.
Епа дади парче така, не сака мазно, сака да гриза. Ти си до нејзе, прво и најбитно кога ќе почнеш така мора да знаеш ако не дај боже дојде до такво нешто да си обучена како да постапиш. Кога тогаш мора да почнеме со парче, јас сакам сега со пасирано со виљушка па полека од 9 месеци да давам и парченца. Бејби степс, ама твојата изгледа сака така еве @merriel0 ти е пример кај нејзе така јаде.
Сакав да прашам како се справувате со храната што останува? На пример, правам телешко со зеленчук и од тоа јаде два дена, повеќе не можам да и дадам и потоа го фрлам оти не го дојадува скоро секогаш. Појадокот исто, сабајле палента една голема лажица, повеќе од пола изеде, другото го фрлив, јогурт 2 чашки испи, третата почната ја фрлив. Ми е жал за храната да ја фрлам, па и телешкото е 1000 ден/кг. ...а некогаш дојадувам ама не можам секогаш, нешто и не ми е по вкус, особено блендираното телешко иако гледам другото да го дадам пасирано.
Јас правам колку за нејзе, ептен нешто ако остане дојадувам. А за две три лажици фрлам, нема друго решение.
Кај мене маж ми е како циганска торба. Нема храна тој што ја прибира. Се што останува не смеам да го фрлам, ако види фрлено нешто во несвест паѓа и слушам дома лекции. Не само за нејзина храна туку општо. Така што, се што ми е во план да фрлам го јаде тој или ако не е дома во фрижидер го ставам и кога доаѓа дома го јаде. А бе не дава ни со поминат рок да фрлам нешто, прво да го тестирал може ништо не му било.
и мојот е ко торба, ама дупната изгледа, зашто вечито гладен е. Добро е што е 2м висок па не му се познава ништо. Е за јадењето ок ќере не пипа, ич не му било убаво, стално вика како го јадат ова бебињава, па не е ни чудо што одбива да јаде
Исто све и мојот, со таа разлика што и да не му е убаво ќе замиже ако треба ама ќе го изеде на сила само да не се фрлало. Не се фрлало храна, он пари дал за тоа. Ако ептен нешто треба да се фрли со поминат рок цел ден во депресија е и едно 30 пати ќе ми спомне како душа го боли за фрленото. Си има мала дијагнозичка за ова човекот. Не е скржав, не е штедлив, ама храна му е ахилова пета.
Таман работа да сме лоши мајки ако не следиме детално табели. Барем основните препораки сме ги запазиле. Откако е родена, ниту еднаш не сум се помислила лоша мајка, па како и да звучи ова. Зошто..зошто она ми е на прво место, живот давам за неа. Максимално се трудам на секоја тема околу неа а нај голема награда ми е што е здраво и среќно дете. Така да, немој никогаш да имаш такви мисли, поготово па не само за ова со хранава. Сепак се најадени и напиени. На улица и гладни не се. Некоја мајка е по стресна и разбирам, не е лесно да си мајка. Јас сум по опуштена, и затоа нè има различни на планетава. Мојава сега е јадач, утре може ќе пребира, некое сега не јаде, понатака ќе смени, ама ние како мајки макс се трудиме околу нив, така да бркај такви мисли
Hahaha istiot go imam doma Ti vikas so pominat rok e on vika daj vamu jas toa ke smavtam nisto ne mu e.... Ke poludam
Им воведувам жолчка денес иж е 3 ден и треба да им дадам цела.Им се порежети редот денес едниот близнак ми е настинат па дали може со ручекот ориз со спанаќ да им дадам цела жолчка.Матичната неми кажа ништо денес дека еднипв мие настинат со температура дали да нежу дадам жолчка
И јас не ги знаев, маж донесе еднаш од маркет и јас ќе ги тестирам така малку грознички беа ај да не те излажам, види како се со шеќер, не и дадов јас на ќере, е сеа дали дека имаше шеќери дали дека грозни, не памтам ако нема, тогаш дај нека проба баткото, може он ќе си ги сака
Дајте ми идеи за со жолчка какви комбинации да давам и од кога почнавте о со белка? И дали само за доручек давате или можи и за ручек вечера?И домат кога дадовте за прв пат и на кој начин? И овесни снегулки земав од стомак дали да ги мелам првин или да ги потонам во млеко или вода..??
Домат дадов од готовите каши првин да проба, 8 месеци. Овесот јас го варам 10 мин отприлика да набабри па го блендирам. Жолчката можеш со палента и павлака, со ориз и спанаќ
Пченичен гриз тој што е со бебе на сликата како го спремате? Со кравјо млеко? Оти читам дека кравјотп млеко било тешко на стомакот за мали бебиња