Тенџерињата на Металац се перат во машина? И која големина/литража ќе ми биде доволно за да парам овојше/зеленчук? Имам ваква решетка за парење
Кога имате веќе појадок, а треба да се воведува нов вкус, го давате посебно само новото или го мешате со веќе пробаното?
Доручекот претежно ни е во кашеста форма и си го јаде. За ручекот гледам да е повеќе пасирано ама не ми јаде. Не знам дали не и е вкусно општо дека со зеленчук или дека е грубо пасирано. А не сакам да е се кашесто плус некако ручек блендиран цел бљантаво ми личи да и давам хаха Имате некој совет што да правам или да давам и тоа кашесто
Мамички, што да правам, бебето ми е 6 месеци, од 5 месеци почнав со вкусови и ги испроба сите зеленчуци и овошје што се за таа возраст. Сака да јаде, и почнав да му давам по 2 оброци на ден, но проблемот е што никако не сака зеленчук. На почетокот сакаше брокула,морков,компир, сега не и не, ако нема овошје не јади.
Зашто толку брзаш со два оброка. Рано е за втор, тек сега треба постепено. Два да воведеш. Полека давај по малку, не форсирај ништо, ќе прифати.
Ние сме 7 месеци денес до сега пробувавме и со готови каши и давав доручек. Почнавме и со зеленчук и тиквицата и ја испасирав ама се гадеше. Мислев дека е од вкусот ама еве вчера и дадов морков и компир исто пасирани и исто реагираше, можно е од текстурата да и се згадува?
Аа нее, ни он ни јас не ги јадевме(кога јадеше каши, сеа јаде од наши јадења) она се си јадеше, а ако остане малку, во канта. Сеа друго е, ако остави она, дојадуваме, ама наша храна само пудинзиве ги изеде, него не му беа лоши
Еве и јас истото пробувам да протумачам. Не ми јаде ручек никако дали дека пасиран го давам дали не и е убаво што знам. Денес и понудив леќа, ставив демек и кромидче и лукче за вкус, компир, морков и демек покашеста ја направив ама не скроз и не сакаше одма и се јавува gag reflex. Се чудам како ручек ќе воведеме, сега веќе и месо треба да почнам да и давам а она нема абер да пројаде зеленчук. Верувам дека е бљак без зачини за разлика од овошјето ама па мора некако да почне и со тоа