Епа тоа сакав да кажам, не се откажувајте, така прават дека им е чудно, и мојата така и после си лапа. Како се згадува демек а уствари не, затоа давајте.
Може да, па шо знам од прилика, јас во ѓезве варам околу 100мл вода на две лажици гриз. Пробај еднаш ќе знаеш колку е доволно.
Пробувам ама го држи во уста и ќе плукне Ќе видиме денес ќе смислувам нешто пак, се надевам нема да заврши во канта и тоа
Моево вака прави со палента. Има зрнеста структура, таа од дм ја земав. Ја држи во уста 2 секунди и само прави како прскалка со устата на сите страни ја плука. Колку и да сум упорна ова го прави додека не почне да плаче. Буквално ниеден залак не сака да касне. Истово се дешава и со просо и со амарант и со тие сличните глупости што искрено првпат во животот ги купувам дома. Моментално јадиме само инстант млечни каши на хипп и од овошје само праска, круша и јаболко КУПЕЧКИ. Друго не сака ништо. Така што, јас сум go with the flow, неќеш - не мораш.
И мојата не сака палента, никако не сака, почнува да плаче и готово. Еве пак пробав зашто вчера се изналапа кисело млеко и мислев ќе сака, јок бе, вриштење одма.
А овие амарант и просо како ги даваш? Кај мене и тие ги неќе. Инаку вчера роварев по рамстор во здрава храна зошто врска немам од животот што е спелта, јачмен, хељда и слични глупоштини, чисто да видам како изгледаат. Тоа па скроз не ми е јасно како се подготвуваат и како би ги јадела. Одвратно изгледаат.
Од кога да почнам да му давам житарки? 5 ипол месеци сме. До сега од овошје имаме пробано банана, јаболко, праска, ама како што го гледам по реакциите, не му се свиѓа баш. Ги јаде, не ми ги плука, ама повеќе се мршти и се врти со главата. Не сакам да го форсирам ништо, па сега ме интересира дали ако не сака само чисто овошје, во житарката можам да му мешам јаболко со морков пример? Дека до сега фаворит ни е морков и батат.
Може веќе да почниш да даваш по некоја лажичка да проба. Мешај му прво со овошје што го има пробано. Откако ќе пробате одредена житарка после може таа житарка да ја мешаш со овошје нов вкус на пример круша. Таму од кај 6+ пробај да воведеш доручек.
Дај му уште некое овошје, круша, кајсија, слива, тиква дади, не е овошје ама дај му. Па после почни со житарки, и полека воведувај доручек.
Кајсија и слива според табелата се од 6 месеци. Вие како ги дадовте? Може малку порано? Прашувам дека во двор имам и кајсија и сливи , па греота ми е да се скапат и на крај да купам од пиљара.
Па сезона им е, можеш слободно да дадеш. Се што е сезонско искористи. Има бебиња што почнуваат од 4ри месеци со вкусови, не чекаат 6 за да дадат слива. Дај му, искористи се што имаш домашно.
Давај, па и од двор штом имаш уште подобро. Не се води строго по табела. Јас лубеница, диња, капини имам дадено, а уште немаше ни полни 6 месеци. Денес ќе и дадам малини. Мој човек. Како даваш спелта? Која ја даваш?
Јас давав палента од таа на Хип и ок и е, пред некој ден и дадов и ваква зрнеста со грчки јогурт и не ми направи проблем. Просо и амарант сака. Просото и го блендирам со овошје а амарантот така само сварен го давам. Исто и киноата и ја блендирам.