Жени треба да почнам со вкусови имам прашања 1. Со каков прибор почнавте и од каде купивте? 2. Како почнавте да давате и што прво овошје или зеленчук? 3. Дали имате земено од хипп што се оризова каша ? ( како во прав и е се раствора со вода ) 4. Дали стававте АД млеко во кашите? 5. Колку време во фрижидер ги чувате кашите? 6. Кои купечки каши ги давате?
1. силиконски имаш во зегин, локо кроко, бебехоум и др 2. 3 дена исти зеленчук па 3 дена исто овошје 3. јас да ја користев, сега веќе сме на обичен ориз 4. јас не ставав млеко, ама можеш пример со гриз 5. неколку часа ама одвоена од таа што и давав за јадење, да не биде допрена со лажичка 6. хипп, холе, бејби лов, дм био ама гледај домашни повеќе прави ако можеш
Пример сакам со хипп оризова да пробам и тоа 3 дена па да почнам три дена со јаболко па после круша па морков?
Прво почни со овошје или зеленчук како индивидуални вкусови по 2-3 дена, откако ќе пробате повеќе видови пример јаболка, круша, праска, слива итн. тогаш почни да воведуваш по некоја лажичка житарка во комбинација со овошки. Оризовата каша се смета за житарка, не почнувај прво со житарки, после извесно време воведи ги. Прво вкусови овошје и зеленчук.
Прво се почнува со овошје или зеленчук, не со оризова каша. Од кога ќе испробаш овие вкусови тогаш можеш оризова да дадеш. Оризот е житарка, покасно се дава.
Мајки, вечера од кога воведовте? Путер каков користите? Дали ставате некаков зачин и масла во јадењата? Јас само маслиново. Бебе има 8 месеци.
Јас ставам компирче, морков, кромид и лук малку за вкус и леќа. Многу не ми јаде ручек ама се надевам ќе пројаде
Морков, тиквица, компир не сака да проба ова ни е пробано од зеленчук, батат планирам деновиве да дадам па после да правиме комбинации да видам дали ќе се лажиме некако. @QweenSM по која табела се водиш, мене педијатарот ми даде листа и кајсија и слива се во 5ти месец за проба. Сакам и лубеница и диња да дадам дур е сезона и има убави, што мислите? Точно 6месеци сме. @joy1 ти спомна за замрзнување сезинско овошје како и што можам да замрзнам знам дека и @AngelOfArh замрзнува сум читсла, ама како свежо исецкано, бланширано, сварено
По оваа , постирана е многу пати тука. Ми праќале мајки што им кажувале педијатрите се од овошје може да се даде само цитрусно демек понатака. Каде и да видам секаде е различно. На крајот од денот ќе правам како што мислам дека е најдобро за него.