Не се блендираат кашите, се прават со вода или млеко. Прав е тоа и мешаш. Не се тие како блендирани, поразлична структура имаат и во нив ќе си додадеш овошка.
Хељда на почеток мислам инстант давав, а киноа, просо не блендирав никогаш. Туку да прашам непрскани овошки каде наоѓате?. Имам во двор кај моите јаболки, ама не се зрели уште. Зеленчук имам од кај свекрва ми, тоа не ми е проблем. Големата и ден денес ми прави реакции од прскани ствари, па малку страв ми е со малово.
А на кашите што пишува 100мл вода и 100мл млеко вие што доите како ги правите, само со вода или давате АД?
Ад давам, ем повеќе ја држи и сакам да прифати ад, така преку кашиве пробувам. Одбива секакво ад… а во каши сака.
@Viktorijaaa5 -морков,целер,пашканат…исечкано на коцки или тркалца (претходно измиено и исушено) -грашок,пченка,боранија секогаш давав од маркет замрзната -карфиол и брокула…исечени на китки,бланширани 2 мин,исушени на папир и во фрижидер -бобичасто овошје исто измиј ,исуши и замрзни прво на табака некоја,широко распределени.После тоа собери го мали кесиња.Во спротивно ке ти се направат како грутки и не ке можеш да ги делиш зрната. -сливи и кајсии на пола исечени,измиени и замрзнати. -тиква,тиквица и модар исто си чував секогаш замрзнато на поголеми парчиња Мене лично ова мн ми олеснуваше.Се спремно,вадиш само да повари малце и толку.
Имаш пробано АД со молзено да мешаш 50/50 дали ќе прифати? Гледав на тикток, ама па дали е добро за стомачето така ми е во мисла
Јас денес банана испасирав, ама во каша и ја ставив. Сепак кашата не е мазна структура, добро помина. Во понеделник ќе пробам со тарана. Таа малку зрнеста е, ама мека. Со павлака ќе и дадам. Сакам и банана да и дадам сама да ја грицка. Од кои смоки даде?
Јас прво му дадов компирче така погрубо пасирано, абе очи да превртува лелеее.. Шо дете ќе беше Смоки од Витаминка сега давам. Прво имав купено од Лино, не дека тие не ги јадеше, ама се 90 денари, а од Витаминка 16
Хахахахха, твојот ко мојава, ептен префинет. Со 6тиов скок се молиме за јадење… ама денес бевме надвор и морав купечка и земав болоњљзе, се изналапа јаоо. Викам брее префинета види ја. Ама затоа шмукалчено го откорна
И ние со 7миов скок сме такви со јадење. Ми се смачи веќе да го молам хахахах И мојот исто сака болоњезе. А од ДМ има една каша, со мисиркино, ориз, компир и не знам што друго. Мислам дека беше 8+, и е позрнеста, т. е оризот е цел. Пробај таа купи и ја