No nautro mi se budi vo 6. Pa prezaspiva od 7 do kaj 10. Neznam kako da go vovedam. Ne e li kasno vo 10 da go dadam?
Јас меѓу 10:15-10:30 давам доручек. Околу 14:30 планирам да воведам ручек, од утре ќе почнам за проба.
Ќерка ми беше баш околу 7-8 месеци до крај на летото првата година и ги давав додека е во сезона. После требаше или преку шмукалчиња да воведувам или после на 1,5 година. Секако мислам не се замрзнуваат тие, бар јас не сум мрзнела за понатамошно пробување.
Сакам да дадам малиниимам смрзнати како да им дадам.Потоа сакам диња и лубеница да дадам,како им имате давано на вашите.Зрмав имакарони од црвена леќа имам дадено леќа досега како да им искомбинирам.И дали досега имате дадено парче корка леб да вежбаат да гризат.Смоки сакав да им дадам ама незнам од кои
Диња немам дадено, маж ми не му текнува да купи а лубеница 100 пати дадов, во шмукалче, масакар ја праи, многу и се свиѓа. Малини дадов преку каша.
Просото го киснете од вечер или само го варите? Го имам тоа од DM уште тоа остана да проба од житарки, доручек веќе има од пред некој ден.
Просото најдобро е да одстои во вода неколку часа. Јас вечерта го ставам (2 лажици). Утрото го варам просото со вода одприлика ставам и плус во друго тенџерче варам овошје нешто. Можеш да пробаш и неблендирано да и го понудиш со овошје а можеш и блендирано. Види како ќе ти го прифати.
Малините директно во вода што врие многу малку да омекнат и во кашичка, макарони од леќа можеш цели да им ги да даваш или исечкани на ситно, нз дали даваш парчиња, до некој сос можеш на пр болоњезе да им напраиш, или пр. урда и тиквичка сос мн е вкусно, и лубеница и диња свежи во кашичка можеш, во шмукалче или да ги грицкаат. Смоки лино се најпрактични и мислам дека повеќето нив ги даваме прво. стоби флипс и сл јас имам дадено после година