Пробуваме 2 дена батат, интерес нула, и со мајчино млеко го измешав џабе, ќе паузирам, 5++ очигледно не е спремна, само се стресираме двете. 1грам нема каснато. @Feniksgirl мислам ти беше слично што се случи после паузата?
Да, почнав од 5, не сакаше никако да јаде. Паузирав две недели и пак пробав, не сакаше воопшто пак. Па од 6 почнав со тиква, се излапа ко да не видела. Многу се терсене доениве бебиња, мислиш злато има во цицката.
Како да дадам жолчка а да е без млечен производ? Заради железото ми е. Малку е намален хемоглобинот и хематокритот.
Пробај и нешто друго прво па и тогаш ако не сака прави пауза. Може и е леплив бататот. Види јаболче, крушка, тиквица... ако и со овие не сака, тогаш паузирај. И не се разочарувај. Секој почеток на гурање е. Јас за неколку дена ќе почнувам и сега чепкав по моите стари мислења како сум терала со големата. Тоа убиство било. Ве читам тука по 200гр оброк. Па мојата јадела по 90-100 гр за оброк и тоа за солиден доручек сум го сметала, затоа што од воздух живееше Муабетот ми е, пробувај, не се откажувај одма и не се води по табели со грамови. Скоро сум сигурна дека и со ова ќе кинам нерви со јадењево, ама надежта последна умира
Не, никако не сака. Не знам стварно што да измислам да пие… уста не отвара за никаква течност освен цицка…
Јас сакав до 6 пасирано вкусови па да преминуваме на блв постепено, малку се разочарав не очекував дека и ова ќе ми е стресен период, тежок да ама дека ќе врисне да плаче на допирање вкус не очекував не планирам да се водам по табела и грамажи секако, ама многу е активна ќе треба цело време на града да е ако нема да јаде
Е па не си сама утрово и купив Твистшејк чашка со цефка. Веднаш знаеше да повлече вода и нормално, ја исплука
Моево 7 ќе прави уште малку, интерес 0 од прв ден како почнав на 5+ до ден денес. Ништо не сака, на ништо уста не отвара, се бутам на сила. Доручек имаме од 100тина грама само и тоа секој ден едно исто. Денес ручек пробав, не сакаше ни едно лажиче да касне. Не знам до кога ќе тераме вака, ни бленд сака ни пасирано ни парче. Ништо.
По тоа што те читам, твојава е како мојава што беше страствен цицач, вода ич не пиеше, ме бараше мене да си цица. Асално почна да пие после годинка, еве ја сеа сама бара "тута" по 15 пати во ден ќе си пие, штом цица, надокнадува.
Не, као експандиран ориз е, само се меша со нешто течно. Не се преоптеретувај, ќе пројаде. Нуди finger food, парченца. Како и е пинцета фатот?
Матичнава ме советуваше најбезбедно да воведам белка преку јуфки/тарана со јајца, а потоа варена помала количина така малце постепено..Дали сте воведувале вака? Дали да давам 2-3 дена? И дали да не давам ништо ново истите денови? Првиот ден сакам со абц крем сир да дадам, вториот ден со динстан домат ( не ми е воведен ) малце и крем сир. До сега немал алергија на ништо.. Инаку сме за 5 дена годинка Фала
Не е дека се преоптеретувам, пие доволно млеко и океј напредува, само не знам до кога би терала вака. Фат има добар, ама џитка се на земја, не ни пробува да го доближи до уста за да проба. Играчки и се останато ќе лапа, за храна има сензор и не ја сака ни да ја доближи. Пробувам да и покажам како, со плачки и плукање завршуваме.
Сеа ќе те цитирав. Вие како само на ад и тоа хиперактивно бебе, па бомба напредува бе, и повеќе од одлично. 300грама за недела, машала.