И плус крвна слика извади на 6м подобра од мојата. 200 на саат е по дома, не застанува 1 секунда со вртење и мрдање и клоцање и на тоа нејадење пак напредува. Да е жива и здрава, дај боже да продолжи вака оти со ова нејадење не знам до кај ке одиме.
Осмина, четвртина, половина, цела, по еднаш. Така ја воведов. Жолчката малце побавно, белката побрзо.
Со ориз и спанаќ му давав јас. Или со авокадо и банана, ама така поретко јадеше. Со млечно немам мешано досега.
Лека полека, чим напредува убаво гајле немаш. Ние на периоди бевме заинтересирани. У глобала сака красатко а батат со кокосово млеко многу сакаше на ваша возраст. Потоа чисти намирници, никако мешано или каша. Деновиве дури репете манџа ми јаде и башка никако јас да ја хранам, само сама. Ќе и најдеш решение. @Lady Miami Потпечена тарана со варена жолчка е убаво, мојава јаде тоа.
Моево зеленчук не сака. Само благо да е. Овошје сака се што проба досега, ама зеленчук никако. Две лажички и толку. Му мешам со овошје, и така не сака. Остана да воведам батат, па се молам со него да јаде и друго. Компир и спанаќ проба неколку лажички и толку, затвори уста. Компир и морков, тиквичка, брокула, не сака
Три оброци и 4 пати цица. Некогаш 5, ако се залакоми. Не знам вака точно на колку, сабајле кога ќе стане, после доручекот спие, па ќе стане и цица, па ручек има после 2 саати, па спие, ќе стане и цица, па после 2 саати вечера и после пред спиење цица. Навечер спие цела вечер.
Имаме нов фаворит, и тоа овошје - круша. Купечка дадов, на хип. Пола тегленце си го фукна како ништо. Сакаше уште ама го прекинав. Утре ќе му го додадам. Луѓе, само што ќе го голтни отвара муце и со двете рачиња ми ја фаќа раката и ми ја носи лажичката во муцето и шлапаа. Уште му фалеше да можеше да каже мјам мјам хаах. И вода првпат ми пиеше од шише. Со лажичка му давам дека шишенцето мисли дека е млекце и нејќе, ама денеска нешто на десна нога ми е станат.
Па супер сте, ако и доволно си се нацицува, таман и е течност. Ти нуди водичка секако, па колку пие толку. На мојава и се допадна мн чашката силиконска од сетот(од Пики го земав) со цевка што е, мислам дека од таа чашка нај веќе се научи да пие вода. Сеа пие и со цевка и без цевка од истото. Пробај со некое такво силиконско ако имаш.
Здраво дали оваа кашичка може да се дава како вечера? Имам многу добиено за поклон не знам кога да ги давам
Женички еве пробав да му давам кашичка не ми голта баш онака само шлапка повеќето надвор е отколку в уста не одбива пример да плачи ама не знаам како да не јади баш ...како беше кај вас првиот пат?
Така и беше ама изгледа јас нешто многу очекував... а кажи ми пример сега пробав јаболко и така 2 3 дена после да пробам јаболко и морков или само морков?
Може и комбинирано, може и само морков. Јас кога давав вкусови, сѐ давав поединечно. И прво давав зеленчук , поминав се од страна на зеленчук , па после овошје
Можеш со пробани намирници да комбинираш нови. Како што пиша на пробано јаболко можеш да мешаш со морков и така да го уведеш
6месеци сме сакам да дадам просо прв пат, така само да го дадам без ништо блендирано со вода? Иста реакција со батат, каснува и плука во секунда, дца дена му давав демек ајде вториот ден испасирав потечно го направив не брее неќе да чуе, а баш мислев дека ќе му се допадне дека благичко. ИСТО кои фаци ги прави дур пробува зеленчук абе леле потресување, нагон за повраќање глумец мајкин а овошје крка, јаболко морков никако Така нека продолжи се да си јаде од кои кашички купуваш да купам да имам некоја за резерва, ми велат дека се повкусни купечките од дома направено не знам да пробам и така. Мојот овошје крка и баш така како што кажа не може да дочека и раката ми ја влече накај устето со зеленчук сме скарани