До сега само на хип сме ги пробале мила, ама зедов и холе, па кога ќе пробаме ќе ти кажам. Вкусни се овошните многу, па тоа што не се дојадува јас си го кркам.
Мајки, до кога треба да се воведе доручек и по колку грама одприлика треба да биде за да се смета како оброк? Кога правете дома мерете ли грамажа на вага? И кои кашички купечки ти давате за доручек?
Околу 190гр треба да јаде. Значи пожелно е. Ама ако јаде и од 130-150 е одлично. Иначе не се кашички туку се кутии на хип, холе и сл брендови. Имаш овес, ориз, просо, палента. Само тоа ти е без глутен, овесот на холе ти е без глутен, правиш од нив и додаваш овошка и тоа му е од прилика доручек. Од кога ќе почнеш со вкусови од прилика за месец ќе ти дојде да воведеш доручек. И семолината, и таа е без глутен.
Дојдов да кажам нешто. Синоќа ставив 2 лажици просо демек да се откисне па денес да го варам. Еве дојде денот да го варам, ама да ми прости дедо Боже, мене оваа храна за пилиња ми мириса на Спојлер сперма . Одвратно. Еве го сварив, ако проба едно лажиче моево дете од ова, ќе ве частам сите на форумов.
Фала мила. Ги купив кутиите на хип, безглутенскте житарки. Мислев да не има кашички каде внатре има веќе житарка со овошје, како што има нели месо и зеленчук.
Имаш теглички со житарки скоро од сите брендови, само треба на декларација да видиш која житарка ја има во кашата и дали ти е воведена
Има да, ама без глутен не сум сретнала. Сите се со глутен. Да се едитирам, има една на хип со ориз и овошје е, таа е без глутен.
Ние почнавме со морковче, првиот ден касна повеќе ама изгледа добро му го истемпирав. Следните два дена веќе му беше време за првата дремка и цицање и скоро и да нејќеше се бунеше. Дали можда ќе е подобро да му дадам вкусот да го пробува 1 час или 40 минути после првото цицање? Исто сакав да прашам со што блендирате? Јас пробав и со нутри и со рачен блендер ама не ми блендира убаво има парчиња. Додавам и од водичката и пак не е убаво кашесто, можеби зашто ставам само по едно морковче, да не треба да ставам повеќе количина за да ми испадне каша?
Океј ова не го очекував хахахахах кога ќе размислам подобро во право си Мене ми испадна две три недели пробување и веќе имаше доручек. Еве сега веќе и ручек воведувам полека, ама мојава лапачка е. Мерам со вага и не секогаш јаде исто, до сега најмногу има изедено 180грама за доручек. Ама она е заситена и со 100 грама. Е сега ние сме малецки, на 6 месеци имаше 6300гр. Секое бебенце не јаде исто. Нејзе ја држи едно два саати, два ипол оброкот и после и давам да цица
Истемпирај да пробувате 1/1.5ч после доење. Со рачен блендер. За да е баш убаво кашесто му треба повеќе водичка. Така и мене еднаш ми испадна погусто, додадов плус водичка и супер беше текстурата, баш како што е на купечките кашички. И гледај што и да вариш да биде добро омекнато и ќе немаш проблем со парченца.
Нормално дека не, завршивме со малку семолина на хипп, загорена плотна пошо претече водата дур се вареше, 100 прљави садови и гладно дете.
Така и си мислев утнав тајминг. Ајде утре ќе има и нов вкус и ќе ставам повеќе водичка и да е убаво сварено. Денес можда и го избрзав морковот и плус на два саати цица и му дојде време и за јадење и дремка и се изнервира со морковчето
Колку ми е комплицирано оваа што си пишала леле, ништо не разбирам а не сум глупа до толку жими мене глутен од кога се пробува уствари