Хахаххаа не е комплицирано чим јас го сфатив. Има готови каши во тегло од житарки и овошје обично се за доручек, има на хипп, холе и други брендови, меѓу кои и babylove на дм марката. Сите што сум ги видела досега позади пишува дека имаат глутен освен на овие babylove пишува дека нема глутен. Инаку по некое правило се воведува глутен од 7 месеци, ама јас и го опнав само што наполни 6 месеци на несакајќи и дадов мултигрејн готова каша што имала глутен.
Избегнувај ги купечките за доручек, зборам со житарки. Многу малку житарка имаат и ништо не ги држат. Подобро е дома коа ќе си смучкаш сама со обошка колку сакаш. Мислам нормално има Х ситуации ќе пројде и таква. Ова сум приметила кај мојата.
Ние дека почнавме порано скроз ред изгубив со вкусовите. Педијатар ми вика давај побрзо све, од 6, 6ипол месеци да почнеме со ручек веќе Чекам следно мерење да видам напредок па да знам дали да брзам или не… Ќе треба да дадам и глутен и млечно, а богами и месо порано…
Мораш мајка, чим од 4ти нема како да не дадеш, освен се на зеленчук до 7 да го правиш ручекот. @Aschenputtel ако може за совет како порано почнати.
Знам тоа. Само прашав за некогаш ако ептен нема опција дома да направам. И кашите што се со зеленчук и месо имаат малку месо претпоставувам?
Па да позади обично пишува колку, и со конзерванси се. Ама ја давам од нив, повеќе ги избегнувам овие за доручек, еве и на одмор исто планирам, доручекот да го спремам а ручек и вечера да носам каши. Давам јас ама поретко сум дала, од тие за доручек.
Ние не сме почнати порано, ќе почнеме на 6, ама едно што ќе следам блв, друго и добив од педијатар зелено светло дека можам се да воведувам брзо. Според светски истражувања овие табели што се користат кај нас се веќе застарени методи - не мислам да навредам никој што ги следи, само сакам да и дадам кураж на Калатеа да не се грижи со воведување. Еве јас се туфкав да почнам кога ќе се вратиме од одмор, ама нешто ми се навеа утре додека сме тука и наредните денови планирам да и дадам некое овошје и зелечнук, а штом се вратиме од одмор, имам 10тина дена време до нареден одмор, во тој период планирам да воведам и јајце, глутен и грчки јогурт обавезно, за кога ќе бидеме следниот пат 3 недели на одмор да имам многу повеќе опции за храна
Мајки здраво, да ве прашам 7+ сме и сакам да воведам телешко месо. Како го давате за почеток, по колку пати неделно и со што го комбинирате? До сега месо немам давано педијатарот ни рече да почнеме со телешко па потоа пилешко.
Od mlecno sto smee da jade? Prvo so mlecni proizvodi se pocnuva ili so meso? I dali prvo telesko ili pilesko?
Дали може да ми кажете од кој има готови кашички со парченца внатре ? Знам има на Хип една со шпагети и моцарела .. За на одмор ми треба да земам како бек ап ако нешто не му се јаде
Аиии боженце што дочекав. Леле јас сум во ШОК, ШОК. Требаше неделава да почнам со вкусови, ама не успеав и ајде од сите денови баш денес во недела ни текна. Е сакав со морков да почнам, отварам фрижидер морков нема. И земав тиквица. И сварив. Рендана ситно. И почнав. Во старо тањирче од сестра и, хранилка од сестра и. Е жими лажички нови и лигавче и купив. И бебе почна да лапка како цел живот да јадела. Отвора уста гајле нема на најблуткавото јадење. Сигурно 6-7 лажичиња лапна и сакаше уште. Маж од позади снима и не му се верува што гледа. Големата вриштеше, пиштеше, повраќаше, катастрофа. Маж уште е со резерва, вика чекај прв пат е, ќе видиме утре. Дочекав едно бебешко јадење без нервози. Ова е успех.
Јас за појадок често знаев од кутии на Холе/Хип, да смешам ориз од кутија мелен или пченка или мултигреин, зависи колку месеци сте и да ставам или свежо овошје или шмукалче и така да и направам каша. Пример 2 лажички ориз, 60тина мл вода ако точно се сеќавам на соодносот ама ако веќе правиш ќе си видиш и сама. Малку е погусто, и после овошјето/шмукалчето внатре
Исто и ние почнавме со тиквица и еве до ден денес повеќе сака такви бљуткави вкусови без вкус од овошје. Не е некој јадач, ама на бљуткаво ќе отвори уста колку толку, а на убава кашичка не. На пример највеќе мрази банана и батат, а тоа сите деца скоро сакаат. Дај Боже секој ден да си ручка со сласт.
@QweenSM , да, се мешаат со овошје/зеленчук. Ќе си одредиш сооднос. Мислам на почеток беше 1/3 житарка со овошје. Инаку може и дома спремно овошје и од готова каша. Сум правела секако јас. Додека бев дома, почесто беше на дома спремано, во градинка или ако беше болна дома, ја оставав со баби и низ најлесно им беше да функционираат со готово, само спремно, измерено и да смешаат се.
Јас само од кутиите давам доручек инстант што се. Еднаш само направив просо (сите знаете). Има позади како се прават, јас по тоа се водам за најмалата доза што е. Млечните каши што пишува на нив milk&cereal се прават само со вода, а тие како мултигрејн што се само житарки се прават и со млеко и со вода на различен сооднос само, има во упатството. Јас досега од млечни сум дала семолина, 5-grain со слива ама ова е глутенско, corn with fruits сите на хипп се. Од немлечни сум дала овес на холе што го спремам со адаптирано, мултигрејн исто глутенско е и го спремам некогаш со ад некогаш со вода, има и мултигрејн со хељда тој е без глутен, ориз исто и давам на хипп со вода и го спремам не со ад и обично за ручек.