И малите еднодневни победи се рачунаат Мене стварно ми е шок и ова, не знаете кои драми беа со сестра и, тоа вриштења до помодрувања, плука, повраќа и крај. А сега оп, мирно дете. За големата бев опремена со не знам колку вида на тањирчиња, де бамбусови, де дрвени. Уште од виножито од еднорог немаше мислам. За ова заборавив да купам, лигавчево уште пред 2 месеци го земав. И си земав тањирче шарено сестра и што си јаде од него, првото што го дофатив. Со второ сфаќаш колку непотребни им се сите материјални ствари што им ги купуваме на децава. Па јас и филозоф станав во погрешна тема рано сабајле. Ама шоков си го направи своето. Ми иде да фатам да частам по улица.
Не знам како сум го избришала мислењето по грешка. Фала женички. Има над 3 недели како што пробуваме вкусови, па се мислам дека е време полека да почнам да воведувам доручек. Ќе почнам од овие денови ќе му направам овошје со било која од житарките, да видам дали ќе му се свиѓа на господинов мој. Доволно ли е околу 100гр за почеток? Си ручка ама не знам дали ќе го изеде цело. Нормално не форсирам ништо.
Досега се и готвам на пареа во готвач на пареа. Дали може и цвекло вака да направам или тоа мора да се вари подолго во вода? Ваков имам.
Одличен е. Брзо готви и речиси цел се мие во машина. Почнав и за нас да спремам гарнири во него, друг вкус ми има зеленчукот.
Месо немам пробано досега, ама планирам да пробам кога ќе и воведам за неколку недели. На упатството што го имам пишува дека може да се прави и месо и риба. Инаку сега спремам и овошје и зеленчук и спанаќ.
Денес за прв пат и дадов да јаде сама, и направив палачинки исечени на ленти. Одма почна да ги граби најголемите парчиња да ги бута во уста, па правеше ко да и доаѓа за повраќање, па ме фати паника земав да и давам блендиранo, не сакаше .. на крај кујната лом, јас уморна она збунета
Ама тоа е гагинг, рефлекс е. Пробај пак следно, очигледно сака сама да јаде твојава цуца. Не се плаши, јас еве почнав со пасирано, од блендирано на пасирано се префрлам, така прави ама нормално е. Исечи ги помали парчињата ако не.
Изгледај неколку видеа за chocking vs gagging и како да реагираш, може ќе те охрабри повеќе. На solid starts имаш и предлози за сервирање според возраста. Баш е супер што има интерес сама да се храни
Почна и моето бебе да јадее 5 дена, пу пу пу, да не ја урочам, лапачка И дадов морков, тиквичка, круша и банана, и мешано круша и банана, не можам да кажам едно и беше омилено, превозбудена беше за сите Супер поминавме и со парчињата (дека блв), дури повеќе gagging имаше со пасираното. Само бананата ми правеше паника дека најмногу и се кршеа парчиња во уста, и плус дека е мека ептен и се лепеше и и правеше gagging, другото многу убаво си го ручкаше Сега денес сакам овес да воведам, зошто утре ќе ја вакцинираме па наредните денови да и правам мешавина со него и тоа што сме пробале до сеа. Каде да барам сертифициран безглутенски овес? Ќе воведам и глутен за брзо ама за денес така ми се навеа И такааа, ви посакувам на сите да имате лапачи како мојава (пу пу пу уште еднаш)
Во дм имаш безглутенски овес. Леле супер што ти јаде. Јас пишував тука за првиот ден пресреќна, ама толку беше. Ништо не сака после тоа. Одиме на живци кинење вол.2 @baguf4e слободно и месо и риба и се прави си. Лосос предобро испаѓа, одозгора гранчиња рузмарин му ставав, вкусотија ептен. Мојот има и едно како саде за ориз, во него ориз и спанаќ правев, исто одлично е.
Тенк ју. И мојот има еден мал бел сад, во тој и го спремам спанаќот. Ориз не ми текнало ама добра идеја.
Гледам се на апликацијата, искрено до сега често и преварувам хахаха ама од неколку парчиња што ќе ги ставам, едно е таман, доволно ми е. Инаку да се доволно меки да можеш да ги згмечиш ама да не се распаѓаат кога ќе ги стиснеш атомска физика ми е жими се... денес со јаболкото ме преплаши малце, голтна едно поголемо. ама госпожа си го врати, и наместо да го плукне пак го голтна си бара јака душа дефинитивно, се осеќав похрабра пред да почнам, сега не толку, ама ја гледам дека ужива така да ќе терам, се надевам нема да се откажам