Кога ќе го стиснеш лесно меѓу два прста да се распаѓа, ова за зеленчукот и овошјето од 6+. Од 9 некои работи веќе се даваат свежи. Лубеницата ни е фаворит моментално како си ја цмока вака исечена со кора.
Да се каже Не сме дома па тераме со неутрални овошки и зеленчук само, да се вратиме за недела дена па ќе почнеме посериозно. Комбинација правам за сега, полнам лажички пасирано и ставам пред неа и плус парчиња. Парчиња сака повеќе. Со водата имаме повише мака, од чаша за ракија само засега, од голема отворена не сака, па и 360 купив ама уште не ја сфаќа.
Преку наш домашен кечап. Баш како каша го прави мајка ми. После свеж си се послужи кај свеки , додека дробела салата. Сега со грицка свеж, како јаболче да е.
Се мислам да ја купам и јас апликацијава. @Noemi @MariaBouli годишно ја земавте? Јас и со првото терав некоја комбинација од пасирано и блв, блендирано ниту еднаш немам дадено, па и со ова планирам. Мислам дека ќе ми олесни апликацијава. Има и предлози за комбинации?
Здраво на сите, ние сме со 5 полни месеци и сакам да започнам со исхрана,кои намирници да ги воведам и во која количина?
Од педијатар побарај табела да ти даде и води се по неа. Први денови даваш некоја лажичка, да осети вкус и евентуална алергија.
И јас имам домашен ама има и други состојки како сенф.. а свеж нели се дава после година? Некаде читав као треба да се пржи најпрвин. Денес пробав со макарони и домат како сос ама нешто не ми јадеше дали заради макароните како да ги симнам едвај ги јаде или дека е научен за доручек благо да јаде..
како се краде и јаде патлиџан од двор. Од толку што обожава патлиџани не ни дочекува да созреат. Малце паника ради лушпата, но одлично се снајде. Блв успешно. Најново ни е со виљушче јаде сама на годинка.
Има доста предлози за комбинации и оброци што реално за цела фамилија можеш да ги спремаш. Годишно, има опција за повеќе бебиња да додадеш па истата ја користиме. Ако сакаш пиши ми дм.
Мајки, по колку диња давате на бебе скоро 9м? Му давам неколку парчиња и сака уште, па да не е многу. И банана дали е многу цела за доручек? Затоа што му давам пола банана со малку авокадо и сака уште банана, па му ја давам и другата половина. Сакам да му дадам и боранија, модар патлиџан и праз. На колку мес ги воведовте и како?
Е сенф нема во нашиот. Има некои други зеленчуци, за вкус ставени, ама се тоа она и вака ги јаде. Најубаво е зготвен да се дава, незнам кај прочитав дека така испуштал добри хранливи материи. Ама мојава го зџапа и си го лапна парчето. Не дека го јаде нонстоп така. За со макарони и правев сос мој измислен. Брокула морков сварени, блендирани и со павлака измешано. Ги јадеше така.
Боранија како манџа и правам. А другово уште не сум дала . Мислам на модар и праз. Банана лапа по цела. За дињата и давам неколку парчиња. Толку и сака.
Јас давам диња и лубеница уште од 6 месеци по малку. Давам колку што сака, ама малечка е па не јаде многу количински. Модар патлиџан вчера и воведов на 6.5 месеци во кашичка со ориз и други зеленчуци. Цела банана не е многу на 9м. Нека биде убаво зрела само да не добие запек. Патлиџан и боранија ќе и воведам на 7 со манџичка.
Мајки, денеска за проба направив ориз на Хип со јаболко, ова околу 100гр беше. Ама некако имав грутки во оризот. Каде згрешив?