Само овошје не држи баш, со житарка е друго. Околу 1ч. ако изело бебето поголема количина. Ако јадело малце може и веднаш потоа.
И јас ова сакав да прашам. Денеска дадов овошје со житарка, вкупно беше 100гр. Ми изеде околу 70/80гр и после 1ч му дојде време за дремка и ми побара млеко, испи 120мл. Зарем ни 1ч не го држи тоа? Или па бил нешто посебно гладен.
Фала ви, денеска супер испадна без грутки. Вчера изгледа повеќе жешка ми беше водата. Вики, хељда земав на Хип, а овес од Зегин безглутен. Просо не сум земала до сега.
На кој сооднос ти беше кашата житарки наспрема овошје? Ако била повеќе на овошје не држи ич тоа. Башка 70 грама малце е…
Па да ти кажам може и повеќе на овошје го направив сега кога ќе размислам.. А како треба да биде соодносот? Колку одприлика житарка, колку овошје? Мн сум тиква лелеее , ајде ќе се научам.
Не си тиква бе и јас тука прашувам само нешто, врска си немам од животот. Инаку јас колку што знам околу 65-70% треба да е житарка, да преовладува.
Како сме сите со прашалници еве и јас само прашувам Алал да им е на некои скроз што се опуштени во врска со исхрана леле јас ептен сум стегната само читам прашувам
Јас сега првпат читам за ова ама секако така правам. Најголем дел ми е житарка и по неколку лажички овошје колку да даде убав вкус..
Кајсии варите? Не ми текнува ич како правев. Овие што ги имам се скроз меки, фини. @Noemi според апликација raw се дава. Како имаш дадено?
Неам уште дадено чекам да ми донесат и напоменав баш позрели не мислам да варам. Круша и јаболка варев до сеа само.
@baguf4e Знам ти ги користиш Хип кутиите. Дали пазиш да ги користиш како што пишува од 3-4 недели по отварање?
Искрено не, од тебе првпат слушам ова. Сум давала и подолго отворено што било, немало проблем досега. Убаво ги затварам и складирам.
Да ви ги поделам моите, мојава несака да чуе за тие каши… А сега по најново, исти ручек кај мене и баба и за неа, моето не го јаде мајмунчето мало, а кај баба и јаде без мака. Веќе не и готвам. Баба и ја задолжив за тоа