Жолчка јаде со месеци, немаше никаква реакција, воведов 1/8,1/4,1/2 и цела. Белка воведував постепено прво во тарана, па 1/4, па 1/2 и денес прв пат цело јајце. Прв пат се случи да се искака во спиење. Најнормални каки беа..Дали имал некој слична ситуација? До јајцето е или така се десило само? Малце се загрижив Најполека што можев го пресоблеков за да не го разбудам и расонам, еве го си продолжи да спие Си викам да е алергија деф ќе покажеше до сега..инаку годинка сме веќе..
Јас дојдов да си ја искажам среќата ! Бебуш си кркна 120гр за доручек, палента со крушка. Крушката и онака си ја обожава, ама не очекував цело дека ќе го изеде. Ова се смета за оброк така? Мислам дека официјално имаме доручек, само за некое време ќе му го зголемам по малку па ќе видеме колку ќе сака.
Се смета за доручек секако 120гр е одлично. Каква палента даваш, јас сеуште не сум дала палента. Денес не јадеше ништо направив семолина за првпат со банана не сакаше ич, уста не отвараше па направив овес со круша исто... си велам таков да не му бил денот
На Хип ми е палентата Вики. Инаку и јас мислам за брзо да му направам семолина ама не знам со што да комбинирам. Може не му се допаднал вкусот, и ние не сме баш обожаватели на банана. Ама штом и овес со круша не ти јадел најверојатно дечково твој денес решил да не ручка.
Неколку дена како воведов ужинка за да заменам подој. Распоредот ни е вака: 8 доење 9ипол доручек 12 ужинка 15 ручек 17 доење 19 вечера 20:30 доење за заспивање Спие цела ноќ без цицање, денски си пие вода околу 150-200мл просек.. И пред ужинката, не ми го дојадуваше ручекот ( некогаш јадеше само 5-6 лажички ) а сега еве почна и од вечерата да остава што никогаш не се случило.. дали е од топлово, дали е ради ужинката, дали конечно ќе излезе некој заб веќе 12+ сме а немаме ниеден Некои ми викаат премногу јаде затоа остава, други ми викаат уште една ужинка да убацам малку му е Дали е типично ова со самото воведување ужинка? Најчесто давам банана или шмукалче..
Мајки, едно малку глупо прашање Имам кексолино и го приготвувам со вода како што пишува на кутијата. Дали може да се стави ептен малку во млекото и да се даде пред спиење, но сепак да е малку потечно и да го држи повеќе преку ноќ?
Мислам дека е комбинација на фактори..убаво се нацицува + ужинка + топло ...мојава уште нема ужинка па се молиме за секој залак веќе 1 месец супер што си пие водичка, едно гајле помалку.
Проба вчера не ја јаде, по гадно нешто не сум осетила леле кој јак мирис го има ауу, сигурна сум дека свежа дома приготвена нема толку интензивен и грд мирис. Дадов со батат ама ништо, му се гади. Како ќе воведувам ручек не знам...