Сум слушнала дека тегличката е баш грда. Немора по секоја цена да ја јадат и онака. Синко ако не ја сака не планирам да го форсирам секако. Ќе му подготвам и дома, па ќе видеме дали ќе ја прифати.
Исто не форсирам ништо и јас, вчера не јадеше хељда и праска денес хељда со банана јадеше малку околу 60гр ама подобро е од вчера секако.
Хељдата е витаминска бомба.Можат од неа хиперактивни да ви бидат бебињата.И преку ноќ да одседи во вода.
Ако, пак си ручкал. Ние денеска се потепавме за семолина со банана и праска. Преубаво беше, и јас би го јадела хаха. Официјално имаме доручек ние. Јаде околу 120/130гр ама супер е тоа за почеток. Со тек на време ќе му го зголемам до 150/160гр па ќе видам колку ќе сака.
Дајбоже да си јаде така и да наголемуваш грамажа, и јас рачунав дека имаме доручек, јадеше по 100-120гр ама еве има денови и кога уста не отвара хељда планирам и утре да дадам па ќе пробаме просо со некое овошје. Како ќе се навикнеме на зеленчук не знам, никако не сака иако нудам скоро секој ден
не знаев ама и нема изедено многу планирав и утре ама да не давам ако не да се префрлам на просо. Ја оставам преку ноќ во вода измивам па варам.
Сакам за вечера да дадам кисело млеко, да ставам банана или цреши како овошен јогурт нешто? Предлози?
4. Мојава јаде веќе и вечера, два дена и дадов изеде по 190 грама.. Многу троши изгледа, почна да ми бара често да цица, не ја држи веќе. Не застанува преактивно бебе е..
Мајки, дали и колку често ставате кромид и лук во ручек на бебе? Јас во ручекот со зеленчук често ставам по малку, па да прашам. Бебе е скоро 9 месеци. Кога дадовте леб, каков и со што? Тестенини кога? И како ги давате?
Здраво мајки ние сме 4+ м и педијатарот ни дозволи да почниме да внесуваме вкусови ќе може да ми кажите комбинации како сте почнале Ви благодарам
@Noemi воведе доручек? Некако најблиску си ми мислам, две недели отприлика мислам ни се разлика. Јас од наредна недела планирам веќе, ќе има поминато 15ина дена од почетокот со вкусови. Доста работи и дадов, еден до два дена и давам вкус. Патлиџан и краставица сакам викендов да и дадам, па од понеделник некоја житарка и да почнам со убав оброк. Инаку кога не и давам сама во раце, не е заинтересирана лажица да држи, ама јаде парчиња. Буквално цели парченца си ги џвака низ уста. Денес не знаев веќе што да дадам, сакав слива, ама немав свежа, а имам дома кашичка што ми ја донеле. Леле па тоа гадење, и излегува од уста, лом се направи и врат и алишта и се. Дури и се загрцна еднаш. Маж ми па вика леле детево сега да не се навикне на каши. Ма нема шанси и се гадеше што и го допираше јазикот. Лубеница на кора ми е омилена кога јаде. Се потресе, се џапаше да не и ја земам. И да прашам за јајца. Давате купечки или домашни? Домашни повеќе од 2 години земам од една жена и ептен и се добри, ама па јаки се и не верувам да и се вакцинирани кокошките. Јас секогаш, особено после салмонелата на големата, тврдо ги варам јајцата, исто и кајгана убаво пржам, така да салмонела сигурно немаат. Купечки па се со сите регулативи, ама се полни хормони. И не знам што да правам. Големава си јадеше купечки, тогаш и за нас купував од маркет.
На вакцини сме понеделник, ако е се ок планирам житарки да дадам и лебче таа недела. За јајца не ризикувам со домашни, и општо со секакви други производи, немам толку блиски што чуваат, а после неколку ситуации не верувам на никој. Само од сопствен двор. Имам во маркет од слободни кокошки, поскапи се, колку е точно не знам, такви ќе дадам. Иначе и кај мене е исто, ставам каша на лажички и ќе внесе нешто, интересно и е и сакам да се учи на прибор, ама многу не и е кеф текстурата, а парче глода маф прави. Се гаг-нува ама продужува. Банана, лубеница, авокадо извалкано во ленено семе обожава. Само ѕидот ни е веќе декориран
А според апликацијава ќе воведуваш? Директ цело јајце? Се мислам скроз, пофино би било цело одеднаш. На големата жолчка и воведов во 2-3 дена, не 5 години како што кажуваат педијатриве, а белка преку кифличка со јајце. Ама сега примамливо ми е скроз кајгана да и дадам. Тоа како и да е ќе биде кога ќе наполни 6 и да поминат вакцини, ама да се спремам. Мајка ми вика второво дете ти е жив експеримент и се ништо не му било, таман си е се.
Да цело на кајгана планирам, ама од 7ми зашто сеа не сме дома, па вакцини и одмор, да се стабилизираме барем една цела недела дома
Од нашево искуство би ви препорачала па не цело наеднаш. Јас и ставив малку (1/4) и ми направи осип на газе (ептен). Не бевме сигурни дали е белката, па паузиравме белка и се исчисти скроз. Пред некој ден пак и дадов, пак ми направи осип. Со исти пелени е, иста крема, миеме газе по какање... Сега пак ќе паузирам, мин 2 нед. Па ќе пробам пак..