Мајки, синчето вчера и денес јадеше цел појадок (овошје) и ручек (зеленчук до месо) и му замени цел оброк. Млеко пиеше само навечер пред спиење и сабајле кога стана- 180 мл. Навечер му ставам и кексолино за да го држи повеќе. Дали е доволно да јаде млеко само 2 пати? Има 8 месеца
Дадов јас цело. Првиот ден омлет, вториот и третиот варено пс изгмечено со малку вода. Сега натака ќе правам комбинации и плус во рецепти ќе го ставам
Баш парче. Па да, се откина, ама го плукна. Ама до сега најмногу гагинг имаше со тоа. Не знам дали и се исплаши или и нешто друго се деси ама многу се расплака па не дека изеде многу. ама за изложување на алерген и едно залче е доволно
Кромид обавезно по ептен малку ставам колку за вкус додека се вари, ама после или не му го давам воопшто или ептен мало парченце ставам во кашата Лук немам дадено. Лепче дадов сега неколку дена пред да направи годинка, така суво на парченца и 2-3 пати со крем сир/кисело млекце по малку додека сме јаделе ние. Тестенини истиов период, тарана дадов со јајца како почеток на воведување белка. Ја давам со крем сир абц или динстам патлиџанче излупено со маслиново и мн малце сол превкусно е
Јас најдов свеж и си замрзнав за да си имам. За денес баш му спремив со ориз, грчки јогурт и јајце. Друга комбинација со спанаќ му немам дадено
А знаеш ли дали има во Кам сеуште беби спанаќ? Не сум сигурна, ама едно време гледав. И дали тој може да се замрзни?
Треба да има во некој подобро снабден Кам. Јас во тој кај што пазарам (Бт) има цело време гледам. А за мрзнење искрено не знам
Има, можеби зависи од залихата во моментот ама стално сум начекувала. Види на гугл “how to freeze baby spinach” излегуваат доста начини, да не го копирам истото.
Давав брикети спанаќ секогаш.Само обавезно вари ги посебно и таа вода фрлај ја.И знаеш спанаќ не се подгрева.
Палента со к.млеко/јогурт, чололино, кексолино, фрутолино, млеко и бисквити, лепче со к.млеко/јогурт, ноќни кашички
Кексолиното е со млеко како што знам јас .. така и го правам со 200мл млеко, исто е и чоколиното, а фрутолино е со вода
Сум давала бејби спанаќ досега,сакам да пробам замрзнат сега.Никогаш неподгревам ако неизедат фрлам храна.Еднаш само мкслам имав варено телешко со морков и непаметам друго што,ама друго све фрлам
Јас ја имам книгата. Ништо посебно не се рецептите, ако сакаш пиши ми лп нешто ќе ти сликнам. Според мене не вреди за парите.