Фала ти, не сме сеуште почнати со пробување вкусови сакав да се спремам ама штом не вреди ич не давам пари.
Табелата за воведување е исто многу застарена, 2016та негде ја издадоа, а авторките не се никакви нутриционисти или педијатри па да вреди да ги подржуваш. Истите табели ги имаш во секоја државна болница, а за комбинации ќе си се водиш по проста логика што имаш воведено и кој вкус со што иде.
Па искрено боље и да не се даваат тие, особено ако бебе си јаде се друго. Ништо корисно, полно шеќери... Можеш сама со овес (или др житарка), какао, банана (може маџун како засладувач), 100 пати поубава кашичка и поздрава да се направи. Јас не ги користам, 12м е женскава моја. Кекси користам, грицка така. Или некогаш ако имам некоја покиселка каша, знам да ставам бисквитка хип за да ја засладам...
Дадов на полни 6месеци. Како ја спремате Семолината @Dodo1 @QweenSM знам вие давате сум вечитнала, многу ми излегува течна и дур јаде уште толку се разводнува, сакам да дадам утре за доручек
Ја спремам со потопла вода. Да не врие, ама да е баш топла. Таква е семолината, се разводнува од лигите на бебе како што рече Мариз. Ама синко многу ја сака па му ја мешам со овошје.
Мислам дека и потечна ја направив затоа стана како супа за брзо да не го подречам ама лапка брзински не се раниме долго време Дали да ја направам и да ја изблендирам со банана или само да додадам пасирана банана?
Овие наши бебиња ептен лапкачи, пу пу пу. Вчера доручекот ми излезе некои 190гр. Ако не прекинев да му давам верувам дека ќе го изедеше цело. Ми беше страв да му го дадам цело дека некако многу ми беше 190гр, а пред 1ч пиеше млеко.
Додади само пасирана.. Јас така и давам Некогаш и додавам од готовите каши по некоја лажица (кајсија, слива, тиква, круша тие што се чиста една состојка).
Имаше денови не јадеше ич претходнава недела ама сега е добар деновиве. Како даваш млеко сега веќе кога има оброк. Ние пример денес цицаше во 8ипол кај и да е ќе дремне па накај 11 ќе дадам доручек, накај 13ч дремка па накај 14ч пак млеко... Гледам ако изеде повеќе 170-180гр го држи повеќе и му давам на 2ипол часа да цица