@Dodo1 знам дека имаш воведено доручек и ручек. Можеш да ми кажеш кога станувате и во колку часот даваш?
Да мила, имаме и вечера веќе.. секогаш е различно ама отприлика иде вака. Станување 6ипол 7, цица Прва дремка околу 8ипол 9, докај 10, 10ипол (пред оваа дремка не и давам да цица, најкраток и е прозорот на будност) 10 ипол доручек 12ипол цицање 1 втора дремка докај 2, 2ипол 2ипол ручек 4ипол 5 цицање 5 трета дремка докај 6 6ипол вечера отприлика 9 цицање пред спиење
Makaroni,spageti,tarana,zitarki so jabolko od hip, cokolino bez seker, baby biscuits od hip, lebce so abc
Кога се даваат бејби бисквити? Гледам на некои ноќни кашички за 5, 5 месеци ги има затоа прашувам, јас немам дадено до сега
@Dodo1 почни полека парчиња да воведуваш, голема е. Прво во блендираното ќе ставиш една состојка пасирана, па полека ќе замениш се со пасирано, и на крај крупно згмечено само. Ако чекаш само потежок ќе ти биде преодот. Јас од старт сум со парчиња, ако не во рака, тогаш исецкани или само стиснати со вилушка и супер е, ама не јаде многу количински. Пред некој ден немав свежо и и дадов слива од тегличка. Ќе повратеше. Вчера краставица со кора како глодаше, се потресе, не ја пушташе. Денес и дадов прв пат овес, нормален, не од овие инстант кашиве, само потопен во врела вода да омекне. Во комбинација со јаболко се изналапа (добро 10ина лапки, ама прв пат овес давам)
До сега само банана имам дадено пасирана, и просо како зрнца. Еве денес киноа ќе и дадам и сливи да испасирам океј е како за почеток?
Киноа блендирана? Можеш да? Или киноата остави ја така, зрнцата и онака се меки, па додади слива блендирана.
Слободно дади киноа така, јас вчера дадов, ние сме 6++ Киноа со испасирана банана и дадов (и плус праска за јадење ама јас терам блв ) Леле мојата од се до сега само краставицата не ми ја сакаше за да ја глода, ја јадеше со јогурт ама изгледа некоја погорчлива се погоди, ќе пробам пак кој овес го даде? јас многу се испишманив дека купив и Био од ДМ ама траги од многу алергени пишуваше дека има, ама може не треба до толку да се замарам?
Па тој од дм го купувам за дома со години и од тој и дадов. Тоа траги од одредена храна на секој производ го имаш напишано. Другар што работи во погон со храна ми има кажано дека тоа го пишуваат затоа што некогаш машините се користат и за обработка на друга храна, па и покрај темелно чистење може да остане траг. Ама не мораш како и да е до толку да се замараш, затоа што буквално на се пишува дека може да има траги од одреден алерген. Овој го користам
Имаме доручек и ручек и на доење сме, колку време можам да издржам да не давам да цица а да немам проблем пр цицаше сабалје па дремка, па доручек па дремка, па ручек и излага досега дека не цицал 7часа од првото доење сабалје, искуства?
Ако осеќаш дека ти се преполнуваат одмолзи малку да ти олесни. Инаку индивидуално е. За неколку дена ќе се стабилизира се. Нормално е со оброци да разретчат подоите. Нормално е поради тоа да се јават грутки, протекувања, болки. И исто како на почеток, топли облоги, масажи, малку одмолзување.
Да не се подрекувам од кога почнав со доење не сум имала проблем ни знам да се одмолзам ни ништо, да земам пумпа рачна ако не ама пак да не се разранам немам искуство ич, офф само мисли еден куп Доручек изеде 200гр,ручек 150 и му дадов малку да цицне од што ми е страв...
Не ти треба сега пумпа. Одмолзи рачно под туш, со пумпа може да стимулираш, а тебе ти треба олеснување додека да се намали млекото. Во глобала за неколку дена ќе сфати телото дека нема подој тоа време и ќе се намали и продукцијата. Браво што толку јаде, не му ни треба цицка после таков оброк.
да знам дека заради тоа ги пишува, затоа си викам ориз, грав, од пазарче на мерење ќе барам хаха ама не се така да се најде. ќе дадам и јас сигурно пред да ги воведам сите тие алергени што ги пишува на декларациите
13месеца кажете ми какво сирење давате? Колку сол ставате во јадење и каква? Како уведовте зелка? Риба и свинско кога дадовте?
Абц крем сир давам сега за сега, сол малце наросувам ептен еднаш два пати со соларникот..зелка немам дадено, риба неделава планирав печен ослиќ со морков компир. Свинско дадов чисто мевце неколку пати по 10 залчиња малецки скинати од мојот ручек, му се допаѓа гледајте да е чисто, да не е многу мрсно бидејќи може пролив да имаат од мрсничко, така ми кажа др