Почнавме парчиња без проблем јаде иако нема заби. Лепче, смоки, бисквити, мевце, варен зеленчук, банана..овошје рендам на најкрупно ( круша, диња, праска, јаболко ).. Работата е што кога јас му давам нема гајле, ако му оставам сам да зема бута све живо во уста без претходно да џвака и да голтне, а потоа одма нагон има и морам се да му извадам и плаче а ако му оставам едно по едно се нервира и се мава од хранилката Не сум паметна како да го научам да јаде сам малце од малце без ризик дека ќе се задави.. сте имале слично искуство?
Цвекло и праз преку кашичка на холе зелка немам дадено уште а за какао мислам дека ноќната на хип ја имав дадено за доручек или пак во гриз имав ставено какао органско со овошје не ми текнува како беше за тоа
Фала ти, ќе купам. Мајки, колку пати треба млечно? Колку месо? Жолчка давам 2 пати за ручек. Кисело млеко давам за доручек со палента. Вечерата млечна ви е претежно?
Ај да прашам, користите ли некој апарат за готвење на пареа за бебињата? Со големиот варев во обично тенџере на Металец, сега се мислам за малава да земам нешто. Од кој апарат сте задоволни?
Глутен со што воведовте? Од 6+беше или грешка сум? Ние само што направивме 6м , вчера и денес воведуваме пилешко ,ок го прифати, овошје зеленчук класика ги имаме воведено сите што се до 6м. Почнав втор оброк за ручек да и давам од вчера, ваљда не е рано? Второ ми е ама све сум заборавила
Јас најчесто за ручек со ориз, морков и спанаќ, или за доручек со палента, павлака, грчки јогурт.. само жолчка
Јас само тарана, крупна, како за нас исто. Имам и без јајца и со јајца. Јас двопек давам па не тостирано лепче, си знаат и они, моево дете ако нешто не му одговара си го плука само. Секако се што јаде потврдо е под надзор.
Исто, со тоа што ние јадеме цело, 13м сме скоро..тие се комбинациите..чекам запчиња да искочат за да праам палачинчиња
Лосос од веро земам, свеж. Пастрмка земам свежа од локална рибарница, многу е убава, а ослич замрзнат исто од таму. @happygirl јас имам филипс готвач на пареа, обичен. Има и бебешки што одма можеш да блендираш ама тотално непотребно ми е тоа. Многу сум задоволна, 6 години го имаме. Најчесто за риба го користам, ама бебе кога беше големава буквално за се. И ориз правев во него, месо секакво, зеленчуци... треба пак да го активирам почесто
Иако ни е рано за воведување на храна, сакам да се спремам за есен/зима кога ке јаде каши. Бидејки тој период нема праски, кајсии, тиквички и сл. сакам да замрзнам сега за да имам да давам. Дали тоа е ок? Дали го практикувате тоа и на кој начин? Немам ни идеја што, како и по колку грама/кг да замрзнам. Секој совет и искуство би ми значело
Да, јас си замрзнав кајсија, слива, малина и капина за сега, а планирам и праска. Ги мијам, сечам на пола, вадам семка и замрзнувам. Генерално јас замрзнав се што знам дека е домашно и е супер да го имам.
Добро што е со овие инстант житни каши на hipp?! Или нешто може до мене е . Правам се како што викаат инструкциите, добивам убава густичка смеса. Дур пребацам во тањирче и се наместиме за јадење стануваат претечни водести. Истото ми се случува и со rice cereal и со corn. Хелп кој има искуство
Јас никогаш не правев по упатство, само на почеток кога почнав, после сама си правев од око, по густи да излезат. Изгледа ставаш повеќе течност, пробај намали, малку стави течност, повеќе од кашата и ако треба ептен малку додади пак вода.