Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.521
    Пол:
    Женски
    Јас денес ако давам, утре давам пак истото во еден од оброците и после дојадуваме ние ако има уште малце..ако не веќе фрлам :) ептен имам фобија од расипување на храна
     
    На PoisonIvyFatale му/ѝ се допаѓа ова.
  2. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Јас имав ставено праски, сливи, кајсии, капини во тегли од 330мл и ги направив како компот само со вода (без да ставам шеќер) ги затворив и зоврев за зимоска имав таман една тегла за едно јадење до две јадења ги користев два дена максимум. За ова зимо планирам пак
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    А дали ги лупиш? И во што замрзнуваш, во оние кесичките за замрзнување ли? По колку грама? И ние за неколку недели треба да почнеме со вкусови ама при крај е на сезонскиве овошки па треба и јас да замрзнам ама изгубена сум како
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски
    Се мислев и јас дали да замрзнам нешто од овошје, ама на крајот кога размислив како ќе се разводенат од мразот, се предомислив. Сепак мислам дека е најдобро да јадат тоа што има сезонско кај нас.
    Со големиот почнав со вкусови во мај, и цело лето и есен јадеше се од овошје и зеленчук. Сега со бебка здравје ќе почнам во октомври, па што ќе има тоа, тука се и купечките капи во секој случај.

    Ако веќе складирате овошје за зимата, мислам дека е подобро како компири без шеќер како членката погоре, отколку мразот да ги 'јаде' со месеци.
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Замрзнав праски и кајсии до сега. Кајсиите премеки беа и свежи, верувам ок ќе бидат и одмрзнати.
    А извадив пред некој ден од праските и исти беа и по вкус и конзистенција.
    За големата компоти правев, ама сега вака поедноставно ми е.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.934
    Допаѓања:
    24.825
    Пол:
    Женски
    Имав сливи замрзнати, ми даде комшиката. Супер беа. Посекако ќе ги вариш или на пареа ќе ги правиш. Нема да се година, години во замрзнувач, па да се изедени од мраз толку.
    Според мене, подобро така замрзнати , отколку од готовите каши, кои за да стојат толку, си имаат некоја ,,хемија” додадено.
     
    На Hygge-girl, dummy и joy1 им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.280
    Допаѓања:
    330.928
    Пол:
    Женски
    Ако се исушат убаво пред да се замрзнат, нема да фаќаат мразови ни ке бидат водлести.Замрзнував скоро се(освен јаболко,банана,авокадо).Се измиено,исушено,сецкано и во мали кеси..И така нонстоп имав разновидно да нудам, што е исто важно за раст и развој на малите.Не можеш цела зима со тиква и јаболка да го храниш :)

    (претпоставувам за киви,мандарини и калинки уште мали ке ви бидат)
     
    На Autumn Love, dummy, Iva.T и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    @Noemi @MariaBouli вас ќе ве тагнам затоа што вие исто сте со парчиња од старт.
    Добро по колку ви јадат? Значи ништо не одбива, се си јаде, дури денес и брокула "се изнајаде", ама многу малку количински. И во рака сака не одбива, не одбива ни јас да и давам, сака и сама со лажичка да си внесува (со моја помош), ама не е доволно за оброк и укинување на подој.
    Значи преслатка ми е како џвака луѓе, како возрасно бабе некое, денес со брокулата ми беше врв, ама џабе, како да и се здосадува и дури и на трепки да застанам нема ефект.
    Дремка прва и е во 9, цица накај 7:15 прво, накај 8:30 и давам да јаде. После не цица нешто количински, ама не е ни мезење па да речам само навика е. Е од друга страна па многу помирно ја спие дремката, ваљда понајадена е.
    Планирав за една недела да почнам ручек да воведувам, да направи 6 ипол барем па да почнам млечно и јајце. Ме фаќа паника, до крај на октомври сум дома, подоиве мора да се намалат.
     
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Леле баш го зборевме ова со Ноеми, јас искрено за овие работи ништо не следам толку конкретно барем засега. Искрено, спремам доста храна, барем според мене, и мислам дека бајаги јаде - на пример денес имав спремено цел среден накај голем компир, половина голем батат и две лажички јогурт, компирот остана пола, ама другото се изеде (нормално со 10-20% нашлакано на неа :D). Јас веќе понекогаш и давам и кога ние ручаме пак и она да ручка ама најчесто нешто да грицка (тиквица, модар патлиџан, домат...). Сега кога ќе се вратиме од одмор ќе и фатам поубав ред да биде тоа доручек и ручек. Со тоа што веќе имам воведено јајце и грчки јогурт, и давам тоа 2-3 пати во неделата, и плус некои житарки (безглутенски засега).

    Ама на одговорам пак на тоа што ме праша, не мерам, така да конкретно не знам колку има изедено :D се водам по инстикт. Исто и подоите не ги следам ептен по саат, зошто некогаш знам да ја ставам и на цице ако нешто е премногу раскенкана или сл. и тогаш ќе си цуцне малце така да не сум мн репер.... мааалце сум полабава сум зошто работам од дома и нема да ја праќам во градинка засега :)
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Ехеее ова е одлично јадење што го кажуваш.
    Еве денес направив палента со брокулата. Брокула едно мало китче, палента 1 лажица голема. Брокулата пола, палента неколку лажици. Па фатив измешав се. Така па уште помалку.
    И јас не мерам, ама што знам, некако како малку да е. 10ина залаци и броев пред некој ден. Си викам да е најадена убаво нема да се притресува на цицка, затоа што си влече реално.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    25.258
    Пол:
    Женски

    Зошто да се варат сливи, праски, кајсии?
    Ништо од овошјето не варев, туку давав свежо на големиот, така планирам и сега за малата кога ќе почнам со каши.

    Друго е да се одмрзнат сега после неколку недели само во фрижидер, а друго е во февруари на пример. Сепак со месеци ќе стојат во замрзнувач.

    Преферирам домашни каши и јас за децата, ама кога нема нешто сезонско, тогаш и купечките ќе завршат работа до следната пролет/лето здравје.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    10.890
    Кај нас ситуацијата е катастрофа, нема интерес за храна, дури ствари што еднаш ги јадела после не ги регистрира, и јас од тоа се нервирам што нема шанси да заменам подој уште многу. Полнам лажички и редам, подавам во воздух и така се храниме. Кога давам пасирано мерам и што да ти кажам, над 50/60грама не сме никогаш.
    Млечно и глутен дадов веќе, после одмор јајце ќе давам. Нека силите бидат со нас :D
     
    На thinkerbell и MariaBouli им се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    јаде ова моево не застанува :D еве денес 2 лажици гриз со една кајсија мешано скоро цело го изеде и плус парче диња. и еве сега кома па ќе цица здравје кога ќе стане :D се дешава и да не сака ама поретко, пред некој ден киноа со малина дали некоја лажичка изеде и толку... ама ќе прејадат бе не им се секирајте :$

    Засега јадеме само подадена лажичка во воздух. Ако и ја оставам обавезно ја фаќа кај што е храната, значи нема промашај :rofl: Парчињата некогаш и ги ставам пред неа ама ако се тешки за зимање и ги подавам и тие. Како воведе глутен?
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    10.890
    Пченични снегулки давав 3 дена под ред со овошје.
     
    На thinkerbell и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    5.103
    Пол:
    Женски
    Риба се воведува исто 3 дена?
     
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Инаку 43 грама и е врвот на мојава, киноа со слива.
    Имаше 6 месеци кога и го воведе глутенот? Не сакам пред 6, мака со какањево имаше, конечно деновиве почна да се регулира, па глутенов пак да не ни направи беља.
    Инаку најлесно се воведува со леб директно :)
    И на големата, сега и на ова директно парче леб ќе дадам :)
     
    На Noemi и MariaBouli им се допаѓа ова.
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Женски
    Кога дадовте јајце и како почнавте, со што го дадовте?
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.572
    Допаѓања:
    14.108
    Пол:
    Женски
    Со големата некаде на 7 месеци, прво жолчка (ама не по 1/4, туку еднаш пола, па после скоро цела). Белка месец после тоа со кифличка со јајце.
    Сега за ова на 6+ планирам цело јајце директно, како кајгана.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    На 6 воведов, дадов прв ден кајгана, втор и трет ден варено па изгмечено:)
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.887
    Пол:
    Женски
    Детево мое голем нејадач, затварање уста, вртење на страна, плакање :whew: вчера дадов само варен компир, па тоа фаци правење, мрштење, ме гледа и си збори нешто како да ме кара зошто му дадов :D
    Најмногу што јаде е половина мала тегличка, ретко да изеде нешто повеќе. Овошје сака, ама не јаде количински. Пилешко му дадов, не сакаше. Треба телешко да воведувам, цвекло, јајце, млечни (facepalm)