Да на 6+ дадов, немаше проблем со какањето со круша ги дадов па со кајсија, претходно овес имав дадено и се свиѓаше така па само сменив со пченични. Сеа лепче со авокадо мислам да дадам.
Препорака е до 1 година, да се варат зеленчук и овојше. Ако не до 1 год, барем до 10 месеци. Ама сепак ти си одлучуваш за твое дете како.
Црвена леќа како манџа, како палачинки. Тестенини парчињс ги јаде мојава. И земав со црвена леќа. А пред тоа ич не ми текнува какви беа.
Зеленчукот да, мора да се свари за да испадне манџа, ама за овошјето не се слагам. Како што го јадеме ние свежо, така и бебињата. Тоа ми беше препорака и од матичната за големиот кога почнав пред 6 години.
Да да, те сфатив Џој, Бела спомна дека препораките за овошје биле да се вари до 1 година, не ти. Прв пат слушам за таква препорака искрено.
И мене така ми кажаа, плус сите мајки околу мене варат до 1 год јас престанав пред месец..се освен банана, диња, лубеница, авокадо..
И даваше варени сливи, праски, кајсии, круши? Знам за јаболкото кога се вари или пече дека испушта пектин мислам беше, а тоа може да направи запек кај бебето. Ништо варено од овошје не давав на синко, се беше свежо. Затоа ми е чудно сегА што велите.
Јас давам се свежо од овошје откако почнавме со храна (на скоро 6 месеци). Освен јаболко и крушата ако е потврда, односно тоа што е потврдо го варам зошто има ризик за гушење од него дека е тврдо, останатото меко и свежо Ама дури и зеленчук некој давам свеж (домат, краставица да глода)
Јас правев едни веган може исто, наместо млеко вода, ама подебели како американски. Пола јаболко и една банана, 2л овес се бленда, додавам малку млеко, да кажеме макс 50 мл, и после брашно да добиеш убава густа смеса, не прегуста, ама не ни ретка. Тоа веројатно од опит после ќе го совладаш. На нелепливо тавче, прво загреано убаво, враќаш на средна температура и праиш од двете страни. Можеш слободно и жолчка да ставиш во смесата, нема да се смени ништо, дури подобро.
И јас се варам, во пораката од педијатар ми пишуваше се да е термички обработено освен нели банана авокадо диња лубеница тие..
Купив за вакумирање храна, сестрами така правеше. Има посебни кеси и ако е свежо собрано кога се вакумира после е свежо исто. Ги замрзнав. Во главно домашни непрскани што имав работи. Морков, модар патлиџан, прас, јаболка, блитва, пиперки. Чекам Сливи, некоја круша да ми донесат и тиква. Направив како компот од патлиџан тоа во теглички за да може после да изблендирам и да имам како сосче. Све домашно што имам, планирам да ставам. Читав до 6 месеци може да се користат.
Со апаратчето следуваа 10 или 20не се сеќавам ама големи па ги сечев и со апаратчето има и за лепење, ги средив така. Електролукс апаратче од техномаркет. Има за купување онлајн најдов 100 кеси 470 ден. Излупен доматот околу 3кг имав , исчистен ако има жили зелени тоа. Го исецкав на коцки и го оставив да одстојат во садот и пуштија сок малку нели и во сокот ставив прстофат сол и пола лажичка мала шеќер (мора за конзервирање) , и наполнив во теглички стерилизирани топли од фурна и ги затворив ги ставив во тенџере со вода вареа некои 40 мин се оладија и толку. Мали теглички и ставав како за едно јадење.
Кажете ми што се смета за нормално какање по воведен еден одмор? Бебка кака најчесто неколку пати на ден, поретко само еднаш, два пати, секогаш и е цврсто (на доење сме) сма количински некогаш знае да биде ептен мало топче...