Мене ми е се заборавено ми се чини, пред 6 год спремав кашички. Од октомври ќе почнам да замарам и јас, да ме потсетите. Инаку глутен на големиот дадов на 7м, и млечно исто, дадов моцарела прво, па кисело млеко, па несолена урда..
@Stone прво одлучи дали ќе даваш блендирано, или крупно пасирано и парчиња. Јас секогаш советувам второто. Влези во Дм имаш многу избор на кутии житарки бебешки. Исто и во Зегин на холе има избор. Купечки каши ако сакаш исто можеш, како ќе си решиш ти. Ќе влезеш во шема не се секирај. @Viktorijaaa5 палента со глутен нема, од пченка се прави. Јас користам дм био (сега сфаќам дека пола дм го кулувам). И млечно и глутен давај веќе, голем е. Млечно почни со грчки јогурт, моцарела, несолена урда (најубава е од Кам, на Хомоље). Глутен јас со големото воведов со лепче, сега и на ова за една недела ќе му дадам. Ако ти е страв земи гриз најобичен, оној со бебето, од пченица е. Еве за неколку дена моево прави 6месеци, и воведов и млечно деновиве, а за неколку дена глутен планирам, па после вакцини јајце. На 7 месеци веќе за месо воведување ти е. Не се плаши. По сите нови истражувања подобро е секој алерген порано да се даде (освен мед пред година не), а не како кај нас жолчка само 3 години да се уведува. И се што е сезонско дади. Јас на 5 месеци и дадов се. Диња, лубеница, краставица, домат..
Краставица кога може да се даде 9+ сме? Моиве деца не сакаат нешто ако е покрупно изблендирано,строго мазна структура им дадов и сами да си јадат ама несе заинтересирани,изгледа ќе треба да им блендирам до 3 години
На 9+ можеш. Јас ја рендав на ситно, цедев од сокот што го пуштаат и мешав со павлака или грчки. Пробај така, ќе им дојде освежително.
Каков ориз давате на бебе? Јас до сега давав од хип. Но сакам да и правам дома. Дали е обичниот ние што јадеме?
Од страв од не знам што не сум дала а веќе мора, и од што мислам дека ќе ми се створи проблем што ќе одложувам доење... не знам ама многу размислувам без врска, а треба вака некој како тебе да ми укаже. Да дадам прво гриз сварен со банана за да воведам глутен, тоа веќе планирам утре за доручек. Купив моцарела ама како би му ја дала а грчки јогурт да воведам во некоја зеленчукова каша? Многу ми се потребни совети од вас што сте поискусни.
Грчки јогурт и дадов со овес и краставица. Сега за сега покрај киноа тоа најмногу го сака. Моцарела на големата и мешав со макаронки од леќа, или потпечено компирче со зеленчук. Во врска со доењето и мене ми е страв. Во рок од два месеци два пати поминав мастит и тоа на воспоставена лактација. Тргна и трет пат, ама почнав со сончогледов лецитин и се спасив. Од тогаш секоја вечер го пијам. Овие два дена го тргнав подојот во 9 сабајле, затоа што очигледно детево се најадува, иако тоа мене малку ми изгледа количински. Градиве ќе ми пукнат, баш ми доаѓа кога е ред на таа што беше болна тогаш подој да рипам. И зголемив доза од лецитинов, два пати на ден пијам. Еве втор ден и ок сум, а почнав да течам како на почеток. Земи си го ако имаш страв, штета нема во никој случај, баш е супер антиоксиданс. Препорака од Јасна ми е, плус се консултирав и со други и сите даваат зелено светло.
Грчки јогурт можеш и во зеленчукова, а можеш и во овошна каша да дадеш, ќе дојде како овошен јогурт, мојава го обожава така. Моцарелата можеш со палента да ја дадеш, а понатака и со макарони, тарана и слично.
Мајки дали е ок вака менито, да не давам многу житарки. Доручек - палента или просо со овошје ручек - зеленчук и месо на пример, жолчка со зеленчук или киноа со месо вечера - овес со овошје. Месо давам 3 пати неделно, јајце 2 пати, млечно 2 пати. Претежно секој ден давам просо, овес, палента или киноа. Зборот ми е дали ако дадам просо за доручек смеам киноа за ручек и овес за вечера на пример? Некако цело време ги вртам тие комбинации. Бебе е скоро 10 месеци. Денес ќе воведам леќа.
Прочитав дека компир не се подгрева од фрижидер но може ли на собна темп да отстои па да го дадам на бебка?
Како се сега препораките, од кога се почнува со дохрана отприлика? Синко кога беше бебе, пред 6год, викаа бебиња што се на ексклузивно доење да почнат со дохрана на полни 6м. Тогаш со него почнав на 5.5 месеци и веќе на 6м имаше појадок знам. После 1м и ручек, и на 8м и вечера. Во среда ќе ја носам бебка на советувалиште кај матичната, да видам што ќе ми каже, ќе полни 4м. Мислам дека уште и е рано за вкусови, би почекала и со неа до 5.5м ако може. Вашите доктори што ве советуваат?
Мене ме советуваа на 5 да почнам. На ексклузивно доење сме со супер напредок ама ми рекоа да не чекам до 6
Со полни 6 ме советува докторката, така и планирам. Плус докторката е повозрасна, па и верувам штом инсистира со полни 6.