Почнавме со вкусови пробано е морков јаболче компир банана праска тиквичка.Правам пауза од нови поради вакцина.Вчера ги купив овие.Дали можам да му ги давам?6м сме.
Од октомври здравје ќе почнеме со вкусови. Е сега имаме домати непрскани сакам да оставам од нив за малата. Да ги спремам во тегли мали не знам дали е добро оти треба да ставам малку сол и шеќер или подобро е да ги сварам малку така и да ги замрзнам во калапи па да и вадам по коцка за во јадење кога ќе треба. Како спремате вие?
Мајки што правите кога одредена храна предизвикала грчеви и тоа на пробување вкусови? Паузирате скроз од таа храна? По колку време нудите пак?
Мајка ми направи сос од домати за малата, само излупени и рендани, во мали теглички да вријат за да се вакумираат. Немаат ни сол ни шеќер.
Не се расипуваат така? Свеки имаат домати да и кажам да стави во некое тегленце за зимава. Спремате нешто друго за да замрзните од овошје и зеленчук? Има се преку годината ама вкусот на праска/слива сега и во зима не е исти. Јас замрзнав сливи лупени во една кесичка сакам да докупам уште да ставам, праски излупени на парченца, не знам друго што. Боровинки ако најдам сакам да смрзнам
Ако се убаво вакумирани, со нови капаци, не. Така и за синко правев домати за да имам, оти скоро во секоја манџичка му ставав. Јас не планирав да замрзнувам ништо, ама ме убедија тука неколку членки и ете ставив во фрижидер: праски, сливи, боровинки, тиквички, модри патлиџани, пиперки. Којзнае дали ќе ги користам зимата после одмрзнување ама ајде нека има
Планирам да пробам така, не знам колку ќе стојат без сол и шеќер. Да ги чувам плус во фрижидер не знам дали ќе имам место. Ќе пробам па ќе видиме. Дали ги вриеше само теглите полни со сос или прво го свари сосот? Јас кога правам за нас прво варам сос па ги ставам теглите полни на 100° да се вакумираат ама ставам сол и шеќер.
Не, сосот ставен во теглички и да вријат на ќумбе околу 20-30мин, не во рерна. Ги чував во шпајз за синко, така и сега, немам место ни јас во фрижидер.
Од градинка ни рекоа да има пробано кравјо млеко додека да почнеме. Од кое да и дадам, и како, со што?
Mozes alpsko, 50 posto voda i 50 posto mleko. Napravi kasha primer so griz i ovoshje ili nekoe cokolino,medolino
Палента дадов денес со кашичка од јаболка, круша и боровинки. Утре планирам да дадам со грчки јогурт. Земав на Мегле, ама не пишува % на масленост. Гледате тоа или да давам било каков? Пред некој ден јогурт дадов, Пекарски имав. Го пиеше. Палентата со вода ја правев. Ориз сварен, во зрна, не сака. Го гледав ова Рижолино, мелен ориз е? Како каша се прави?