И ние ноември веќе ќе треба да почнуваме со кашички и вкусови ама ова со замрзнувањево овошје има ли негде податоци колку од хранливите материи остснуваст при одмрзнување штознам од ова што читсм вика сезонски што има тоа зимово јаболки и круши, банани, ваљда само, страшно е ако наредна година тек и дадам кога ќе искочат праски, кајсии,сливи?
Можеш да воведеш преку кашички дел од тие што нема да се сезонски тогаш, ама можеш и да замрзнеш по нешто, ништо не им е што ќе седат во фрижидер. Слива можеш и сува да даваш.
Па да заборавив на готовите кашички уствари. зборот ми беше некако не сум сигурна дали замрзнувањево вреди во однос на хранливост калориска при одмрзнување и задржување на витамини Баш ќе прогуглам на темава деновиве за да одлучам дали и ја да спремам во фрижидер по нешто
Со длабоко замрзнување има само некој незначителен губиток на нутритиенти. Повеќе се губат од обично секојдневно варење ако така гледаме. Замрзни си, зошто на јаболки, банани и тиква да биде цело време. Јас замрзнав праски, кајсии, тиквици, домати, сега еве пиперки ќе спремам. Сливи планирам исто, криво ми е цреши што не замрзнав во мај. Инаку прв ден глутен денес, со обично тостирано лепче. 6 месеци и една недела е. Што убаво со вториве, се некако оди побрзо со помалку замарање и мерење грамови како лудак. Колку само уживаше со лебов.
И јас мислев така како тебе, ама со варењето се губи многу повеќе отколку со замрзнување. Затоа и ми беше чудно што некои членки варат овошје, ама така им кажале матичните веројатно. Јас замрзнав праски, сливи, боровинки, тиквици, модри патлиџани, пиперки, и имам сос од домати (вакумирано).
Како замрзна модар патлиџан? Свеж, излупен? Не е лигав после? Има свекрва ми во бавча, не ми текнало дека може да се замрзне.
Ако може малку помош јас се изгубив, 7 месеци бебе на доење, претежно за доручек и ручек уште воведувам нови намирници на пример за доручек каша овошна а или лепче и јогурт, кисело млеко исто знам да дадам и некоја зеленчукова ама ми ги одбива, месо уште немам дадено а навечер ми заспива со доење.Дали е сега вака во ред или не ?
Исто како и се останато да, свеж, лупен и сечен, сушев на брисач малку и собрав во ќесенца. Не знам каков ќе испадне после одмрзнување, прв пат правам вака и јас. Ама тиквиците очекувам најводени да се, што знам.
Па меѓу првите работи се дава праска. Распоред некој посебно немам. Прво се што е полесно јаболко, круша, морков, тиква, тиквичка, кајсија, праска... јас и дадов и се што е сезонско како краставица, лубеница, диња, домат.. после постепено воведуваш безглутенски житарки и зрна како палента, овес безглутенски, просо, киноа, ориз. Јас и дадов и леќа до сега и брокула и спанаќ иако се потешки малку, ама немала мака. Па после нив почнуваш глутен, па месо и риба полека. Јајце јас планирам сега после вакцини инаку после 7,8 месеци мислам по табели се почнуваше со жолчка.
Мајки до сега давав гриз на holle и го правев со ад. Hipp semolina со што го спремате гризот? На упатството како што разбрав со вода треба.
Здраво мајки Како се приготвува телешко месо за во кашички? Знам дека приготвував поголема количина на месо за првото. Го сечев на коцки го варев и после го замрзнував така па ставав по една коцкичка во кашичките. Се вареше месото без ништо без сол така ли ? И се замрзнува само месото без водичката ? Мислам дека ставав во фоллите за одржување на свежа храна . Како е правилно? Како правите вие ?
Јас на коцки исечено во крчко, варев со морков и кромид. Поделив во чашки за една употреба и со фолија покрив и во замрзнувач. И водичка ставав.
Здраво на сите Ние од утре ќе почнеме со почнување на вкусови полека да се подготвиме за јадење за почеток купив од морков кашичка на хип во тегличка,ама и ќе правам дома и ќе купувам кога како,ќе гледам повеќе да правам..Ме интересира тие што давате купечки кога ќе купите тегличка ја чувате во фрижидер? И на пример кога ќе ја отворам утре ќе изеде неколку лажички остатокот го фрлате така? Или може во фрижидер за наредниот ден ? Мора веднаш по отворањето да се користи и фрли или не? Се ми е ново сега па да си прашам