Нас моментално вака ни е распоредот: 7:20 будење ~7:30 цицање 9:00 доручек 9:50 - 11:10 прва дремка 12 цицање 13:40-14:30 втора дремка 14:40 ручек 16:30 цицање 17:00 - 17:30 трета дремка 17:40 вечера + цице (уште воведуваме вечера) 20:00 цицање пред спиење
Мајки да ве прашам сакам да земам ориз од хипп малава е 5 ипол месеци сакам да направам каша пример праска мешана со ориз па прашањето ми е колку гр ставате од оризот а колку праска фала
Кои шмукалчиња најмногу ги користите? Пред некој ден и дадов на мојата на Бебевита, две ги ишмука едно по друго, плус изеде и мафин ипол Сега сакам да земам да ми се врткаат по дома кога нема да ми јаде нешто или за ако излеземе некаде
Ќе јаде ли барем едно од моиве деца вака некогаш? Колку штo изело твое бебе, толку би ми изела големата од 6 ипол години. Инаку на Холе и Бејбилав ми се некако најок шмукалчињата. Интересни комбинации имаат. Мојава и ден денес кога пазариме во дм знае да ми побара и да го мавне на екс. Леле што убаво бе, и мафин ипол изела. Еден мафин и имав спакувано за во школо, пола го врати.
И јас сум изненадена да ти кажам. Пред некој ден изеде цел омлет од едно јајце. Јас генерално за доручек јадам 2 јајца и се осеќам прејадена Ама знае и да забушава, немој да мислиш дека е јадачка секогаш. Еве денес, оризот со брокула не сакаше во уста да го стави, па ручекот и беше еден модар патлиџан и толку (сеа ќе ми кажеш дека и еден модар патлиџан е многу )
Пааа ручек за тројца (двајца возрасни и дете) правам со два модри патлиџани и плус некој зеленчук нормално. Добро зошто заборавам дека бебе и модар патлиџан е ок комбинацина? Не ни помислувам на него. Како и го даваш?
Хахаха да може само модри патлиџани и тиквици ќе јаде Инаку цело лето на скара и го печевме, а денес го печев во рерна, најчесто со некој зачин на него, сечен на wedges
Како падната од Марс сум, ама кој зачин? Јас најчесто ставам кромид или лук и пашканат за вкус. Се што е со додадена сол не планирам до година.
Од кога почнавте лебче да давате? И како? Ние имаме 10м веќе но само две запчиња и уште ми е страв да мрднам од пасирано
Од 8 попара со кисело млеко давам. И давам и сама да гриза ама сака цело да го напика во уста, па ретко и давам. Попара си лапа. Бебињата џвакаат со непца, немаат врска забите.
Да, веќе од 8 месеци јаде грубо пасирано, дури веќе не сака блендирано. Блендав само месо, ама мајка ми и дала парченца и без проблем ги јадела. Е сега сама е без осет, сака цело големо парче да го пикне цело во уста... па поретко давам. Малку ми е проблем за купечки некогаш кога не можам да и спремам, зашто само домашно и правам, а купечкиве три врсти има со парчиња, за разлика од надвор од МК, кај што има баш избор.
Од кај 8 месеци. Џвакаше со непца, сега веќе со заби. Пробај залче лепче дади и. Си знаат они како да се снајдат.
Свашта имам дадено, бибер скоро на секое јадење што е солено, а цимет на благите, имам дадено куркума, оригано, димена паприка, црвен пипер, копар... Сол не давам, не
Морков како давате, скроз блендиран? Пробувам пасирано повеќе да давам ама морковот некако не ми го прифаќа. Компир, авокадо, сладок компир ми прифаќа без проблем пасирано со малце ситни парчиња. Не знам дали да пробувам блендирано кога не сака дали и е до структурата или па вкусот ама не сакам да ја учам на скроз блендирано
Jас го гмечам со вилушка, малку има gags кога го јаде за разлика од скроз блендираните работи. Јас имам некои прашања во однос на воведување оброк. Матичната ми е на одмор па кога бевме на контролниот месечен преглед да зборуваме за храна се видовме со замената и некако ми останаа некои недоразјаснети работи. Значи имаме листа со вкусови кои треба да ги пробува, има овошје, зеленчук, палента, ориз, итн. Ни рекоа да воведуваме вкус по вкус, по 2-3 лажички на ден, 3 дена од вкус. Прашањето ми е, до кога вака? Кога внесувам оброк како замена за млеко? Дали треба сите вкусови што ми се во листата да ги пројде така по 3 дена секој засебно по неколку лажички па после почнувам со цел оброк одеднаш?
Дали ги имате пробано овие? Мислам дека се парченца, има различни комбинации. 12+ се скоро сите или 15+ https://bellina.mk/prodavnica/organ...jander-bez-dodadeno-mleko-i-sol-za-12-meseci/