Уште од сам почеток што се вика. Јас давам се да јаде, освен мед Додуша месо немам уште дадено, ама од овојше, зеленчук, тоа зрната скоро се имам дадено. Проблем со меше некој поголем не сум заприметила, освен што некогаш знае да и е тешко да се искака па малку си поплакува додека да го искака гомцето
Добро ја додека му ги дадам сите работи да ги проба детево 18 години ќе ми наполни.Секогаш ли нова намирница ја пробувате само таа неколку дена.6м сме педијатар вика ајде веќе 2 оброци треба пробувајте жолчка месо а ја уште вкусови не сум ги поминала ни житарици.Друга работа не сфаќам секој различно дава кога жолчка кога млечни кога глутен.Ме напнуваат правилата.А да и делот со млекото...кога ќе знам дека не треба млеко да му дадам кога ќе јаде,он уште нема оброк ама еве вчера изеде 50гр компир и морков и пак испи млеко пола саат после тоа.
Вкусови давав само првите засебно, секој нареден мешав со веќе пробан вкус. Ќе тргнеш млеко, тогаш кога ќе има оброк. 50гр се малце за да замени подој/шише млеко. Ќе имаш оброк доручек, житарка со овошје или јајце со јогурт( ова зависи дали каши даваш или парчиња). Па млекото како ужина ќе ти биде. Јас не се водам по ,,правила” , се водам по тоа какво ми е дете и што сака да јаде. Кај мојата каша е мисловен поим. Пример понудив шмукалче завчера , несакаше да го погледне. Дома изеде две кришки леб со намаз.
Ако даваш по 3 дена, да 18 години не ти бегаат Се што не е алерген давам по 1, макс 2 дена. Глутен два дена по малку и давав само. Сега јајце од утре, тоа 3 дена ќе го давам. По табела не се водам. Од зеленчук и овошје скоро се имам дадено, од мешунки грав само немам, ама тоа дека чекам домашен да ми донесат. Почнав и со месо, телешко и мисиркино. Од зрна хељда немам дадено само, ама тоа дека ја заборавив дека постои. Исто и модар патлиџан Давај сега домат, пиперки, краставици, се што сезонски уште има. На мојава не и мерам колку јаде, ама не е нешто многу количински. Едноставно кога ќе се најаде затвора уста и со ништо не се залажува. А за тргање подој решаваш ти. Доениве бебиња мислам секогаш ќе бараат цице. После доста вкусови испробани почна полека да зголемува количина на изедено и еден ден реков толку, јадеш колку јадеш цицка нема. И така и бидна. Сега еве за ручек полека почнав со по неколку лажички и после 10 дена скратив подој скроз, нема цице. Или ќе се најаде или гладна ќе седи до следен подој.
Ќе му воведам жолчка деновиве. Со 1/4 ли да почнам или половина? Како дадовте вие и со што ја искомбиниравте?
1/4 pa posle 3 dena 1/2 pa po 3 dena 3/4 pa po 3 dena cela. Mozes vo sto sakas da ja stavis palenta,makaroni,grcki jogurt,banana i avokado
Убаво тврдо варена да е. За домашно кисело, педијатар ми рече да почекам, дека е малце појако за разлика од купечкото.
Да затоа и прашувам со чисто кравјо млеко дека се прави и е баш мрсно. Сакам да воведувам јајце ама ми е страв а многу ќе олеснува во оброците за комбинирање
Мамички какво брашно ставате во рецептиве што се за бебе? Пр. Палачинкиве со банана или солени со брокула морков? Каков кашкавал давате и какво сирење? Ако може и слики?
Овесно сум и ставам. Кашкавал ретко давам, гледам да не е солен многу. Сирење дадов да проба само. Некако ми е доста солено тоа што го јадеме ние. А од моцарела не беше нешто воодушевена.
Овесни снегулки изблендирани, 1 банана, 1 јајце и малку ад. Јас така му правам палачинки. Сега оти пие кравјо, такво ставам. А во солени со тиквички сум ставала и брашно обично од Кам. Сирење какво има дома, обично мм јаде Бучен Козјак или Здравје Радово, јас јадам козјо на Кораб Трница. Ама, не го сака чисто, дали му е солено и кисело. Ама, во палента му рендам и така јаде. Кашкавал исто каков се наоѓа дома, обично Идеал Шипка или Здравје Радово. Ајде, големи се нашите веќе, не се толку потресувај.
Не дека се притресувам само сирењава ми се многу солени .. обично дома јадеме и мешано сирење од здравје радово па незнам мешано дали да давам .. има на една страна многу убави рецепти за солени плескавици, палачинки, мафини и сл па гледам пишува спелтино брашно ..