Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    1.419
    Пол:
    Женски
    Сите се солени ..
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.275
    Допаѓања:
    9.239
    Пол:
    Женски
    Немам такво користено. За 2 лажички сега... и јас пазев, ама ете во градинка им даваат сок тетрапак фруктал. Манџите се со запршка. Сигурно спелтино не ставаат.
    Сирење можеш мешано, зошто да не или па урда стави.
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.204
    Допаѓања:
    26.744
    Пол:
    Женски
    Потсетете ме како беше на почеток, колку време се дава само по 1-2 лажички?
    Првите две недели, додека се поминат вкусовите отприлика или како? Еве на пример ако бебе сака да јаде повеќе од 2 лажички, кога почнавте да зголемувате, а се уште не се пробано сите вкусови за почеток?
     
  4. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    8.427
    Пол:
    Женски
    Од прв ден давам колку сака толку. Некогаш се 2 лажички некогаш 5-10. И од еден вкус чист сум давала само по еден до два дена после тоа мешам. По една две лажички чисто за алергија дали ќе има сум давала за жолчка, мед и јагоди. Се друго колку сака толку јаде.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    567
    Дали белката ја воведувавте постепено како жолчката?
     
  6. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.660
    Пол:
    Женски
    Јас да :) прво дадов тарана со јајца како најбезбедна опција и мала количина. Така педијатар ме советуваше со јуфки/тарана/кифла прво..После дадов четвртина, па половина варена, па цело јајце. Немавме никакви реакции.
     
    На Elly989 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Внимавајте со медот, тој не е алерген ама може да предизвика болест кај бебиња. Затоа мед строго после 1 годинка, и тоа не само чист туку и во јадења (на пример многу луѓе не знаат дека плазмата има мед :))
     
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Зошто на сите шмукалчиња на бејбилов пишува 1 годинка?
     
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    15.102
    Пол:
    Женски
    Зашто се ужинки, и ужинки се воведуваат после година, според книга. Амаааа, пошо никој не се води по книга, сите им даваме порано, слободно земи, мене подој ми заменува додека сум на работа.
     
    На happygirl и MariaBouli им се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.994
    Допаѓања:
    3.048
    Пол:
    Женски
    Има на хип 6+.. и мене тоа ме чудеше хаха
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.211
    Допаѓања:
    78.395
    Пол:
    Женски
    Мислам не пишуваше на сите над 1г... не сум заприметила ама ако имав воведено тоа што пишува, зимав. Некои од нив се со рибизла, лубеница, киви, папаја, портокал, јагоди. Јас се тоа над 11м, 1г дадов.. па тие не ги купував. Ако имаш воведено тоа што пишува, не се мисли.. слободно можеш да зимаш.
     
  12. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    8.427
    Пол:
    Женски
    Да после 1- 1ипол година дадов мед. Зборот ми беше дека тие работи ги давав чисти по 1 лажичка, 2-3 пати во неделата за да видам дали ќе има алергија.
    За плазмата да, моето се нафрли од плазма не знаев дека има мед. Као пи добри на составот во споредба со другите бисквити ги дадов нив. Ми се нафрли после тоа прочитав дека имаат мед во составот. Па давав обични на SL.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. milicka12

    milicka12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2024
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Од кога почнавте со овесни снегулки и од кои? Почнавме со вкусови од 4+ :))
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    11.885
    Има на Холе 6+.
     
  15. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Абе има и на Хип и на Бебевита и на други, ама не ми е јасно зошто на Бејбилов, шмукалче со јаболко и круша вика од 1 година. Ама баш тоа што спомна Феникс после читав дека им е така направено зошто уствари шмукалчето не е целосен оброк туку може да биде само ужинка и за да се „демотивираат“ родители да го користат како оброк така им пишува :)
     
  16. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    567
    Колку подои имате сега откако одиш на работа?
     
  17. Butterflyyellow

    Butterflyyellow Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2025
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, имам прашање околу исхраната. 7 месеци сме, меѓутоа само кашички овошје,зеленчук засебно, како и миксови. Немаме пробано месни/млечни работи.

    Педијатарот ми вели дека морам да давам кашички купечки, бидејќи овошјето и зеленчукот се прскани.
    Е сега како бебето да ги проба другите вкусови, притоа и сакам да му готвам, бидејќи купечки кашички нема некој избор треба да ги вртам во круг?

    Какво е вашето мислење во однос на овошјето и зеленчукот на пазарот?

    Исто така, ми треба совет кога да понудам ручек и и вечера?
    Кога месо, млечни производи, житарки?

    Совети ве молам.
    На мајчино млеко е, си цица ама и кашичките за доручек си ги прифаќа одлично.
     
  18. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    771
    Допаѓања:
    567
    11++ сме, цело време јаде овошје и зеленчук од пазар. Да чукнам во дрво супер си е, мака немала. Не можеш да даваш вечно купечки. Јас па не сакам да давам храна што стоела во тегла со месеци / година, чувана во дискутабилни услови. Членка имаше пишувано тука за скиснати каши со млеко на пример. Мој совет готви и домашно, убаво термички обработувај ги. А ако баш ти е страв најди БИО продавница и од таму земај. Ручек дадов на 7, вечера на 8. Млечни и месо на 7.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.870
    Допаѓања:
    15.102
    Пол:
    Женски
    Три. Пред работа, после работа и пред да спие.
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    36.246
    Пол:
    Женски
    Педијатрите малку претеруваат.
    Неможеме сите да најдеме ниту па да си дозволиме цело време да купуваме органско, значи не бива едноставно.
    Купувам од пазарче/пиљара, па фала Богу до сега немал мака од ништо.
    Земи си од каде мислиш, прави си ти дома најубаво и давај на бебе да крка.
    Нормално некогаш нема време па ми се наоѓаат и готови кашички. Ама често ги избегавам затоа што содржат минимално месо или житарки.

    7 ипол месеци сме ние и имаме доручек и ручек, до кај 8 месеци ќе воведам и вечера. Дадов глутен, месо, млечни.
    Скоро сѐ јаде, освен жолчка што ќе му воведам од утре.
    Големи сте и можеш да си дадеш доста работи.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.