Јајце успешно воведено Ќе лажам ако кажам дека не пукнав од страв овие 3 дена. А на беба ептен и се бендиса. Ќе биде полесно сега за комбинирање. Не сака житарки детево, кога и давам лепче со грчки јогурт супер јаде, ама тоа нема ништо хранливо. Вака можам свашта да и давам. Се што правам дома мафини, лепчиња, палачинчиња има јајце.
Ме збуни оваа, интегрална каша од гриз така пишува, сте давале? Некој го има донедено првпат видов сега шо е
Да споделам искуство со лубеница воведување, прочитав некои сте давале од сам старт иако во табелите е многу подоцна па реков ај ќе дадам минимално во оние силиконски шмукалки да си ги олади непцата пошто вади заби а и крај на сезона е ќе чека наредна година следно. Лелее грчеви грчеви страшни, а пола дали го ишмука тоа малецкото парченце. 5++ сме, слична ситуација имаше и со тиквичка.
Не сум го варела овошјето никогаш, уште од почеток го давав свежо, ако станува збор за потврдо овошје го блендирав, ако е помеко тогаш пасирано со вилушка