После колку време да дадам житарка? До сега има пробано морков, тиквица, јаболко и слива. Утре планирам праска, по 2 дена давам ист вкус.
Јас не би цела наеднаш. Прилично тежок алерген е, на многу што им поминала океј жолчката имале реакција од белка.
Не не. Помалце од пола. Четврт. И дадов едно парченце, па почекав малце, па пак дадов. Следен ден и дадов пак. И ако ме држи памтење, со спанаќ и ориз и дадов целосно јајце. Не дека изеде се, ама како комбинација.
Млечни производи,сите посебно по 3 дена? На пример павлака и јогурт има јадено, сеа ако сакам кисело млеко, пак да давам прво лажичка две или може слобдно да и дадам пошо ми е воведено јогурт и павлака?
Можеш да ги оставаш да одстојат малку во вода со сода некои 15тина минути,да ги исплакнеш и да продолжиш со употреба како што си планирала. На овој начин "се мијат" пестицидите
Не се воведуваат млечните посебно, тоа се се варијации на едното исто - кравјо млеко е кравјо млеко. Евентуално посебно би воведувала козјо, овчо..
Пробуваме вкусови веќе три недели и денес решив да и дадам и семолина со праската. Праска јадеше веќе 2 пати и немаше проблем, а и варена ја давам страв ми е свежа. Многу се возбуди на семолината убаво и беше изеде 10тина лажички и почна да ќенка и да се нервира. Одам да ја измијам и глеам цел врат црвен кај што и се сливало и дури и мали брунчиња (дека течничко па лом се направи). Измив, намачкав со биодерма и за 10минути се смири. Чим се смири ваљда само и се иритирала кожата од тоа што се сливало дека со атописка е… Ама ми е страв сега пак да дадам семолина да не е реакција на неа. Некој со слично искуство? Едит: педијатарот ми рече да паузира 2-3 недели со тие намирници, па да дадам пак малку без други алергени
Ова како активирање на атопичен е. Внука ми доби акергиска реакција и беше многу полошо од ова. Цела беше нафрлана, дури и очите и беа црвени. Со лоратадин се смири. Алергија мислам дека не поминува, со мачкање на биодерма. Ама направи си сепак пауза и дади чиста семолина да видиш како ќе биде. И сируп за алергија имај си секогаш дома.
И мене ми личеше дека е атопискиот дека буквално црвенилата беа како прошарани околу уста и врат како се сливало дур јадела, не стигнав да сликнам повеќе дека одма се смири откога измив и намачкав биодерма. Во секој случај не очекував реакција од семолина мада педијатаров ми вика од адитивите е можда. Ќе дадам чиста семолина за 2 недели пак па ќе видиме… Каков сируп да земам да имам?
Внука ми од безглутенски овес изби алергија. Ама цела цела , беше нафрлана. Сируп по препорака на педијатар, имаме Лоратадин секогаш дома. Фала Богу, уште не ни е отворен. Се надевам така и да остане.
Мајки здраво една консултација со вас, доколку некој имал исто искуство како ние сега,бебето за недела дена ќе прави 6 месеци и почнавме пред две недели со вкусови но од вчера сме со температура,па не давав вчера и денес вкус..Дали и вие така правевте и до кога на пример чекате пак да почнете? А требаше вчера 2 ден тиква ама не дадов Убава вечер на сите
Штом се смирило со биодерма не е алергија. Мојава напред на гушата ми направи многу полошо од силиконско лигавче и ако и се слева храна таму. Исто од биодерма се смирува. Па фрлив лигавчиња и сега ја облакам за јадење во старо боди и исеков неколку тетри па и ги врзувам да не и се мокри гушата. Сируп земи си аериус или летизен. На толку мало бебе само во краен случај се дава. Инаку да знаеш може да ти даде реакција и на пестицидите во овошје и зеленчук. Големата од крушка ми се исфрли страшно. Уствари после увидов дека е од прсканиците.