10 и пол е, не сака да смисли вода. Сите можни шишиња пробани, еве да ве утешам, не е до шишето, до детето е. Не сака вода и крај. Сака вода само кога има температура.
Големиот го доев до 18м, до тогаш пробав секакви шишиња и чаши, со лажичка, со шприц, никако не пиеше вода. Ама јадеше многу овошје, до ден денеска ужинките му се овошје и не пие многу вода. Сок и чај нудев, не сакаше исто. Кога го одбив од доење почна да пие по малку вода, 20-30мл на ден.
А помош за вечера тие што даваат каши/пасирано? Ич немам гз да почнам со парчиња, големава трауми ми има направено што ми иде до 5 години да блендирам.
Добро вечер Како мајка на не јадач бебе, ми требаат предлози за оброци. Бебе јаде само многу блендирани каши( да нема текстура никаква),печен/варен компир или морков парченциња. Палента никако не сака, пробувам да и дадам со тексура нешто, но потоа два дена не сака уста да отвори.Овошје не сака, јаде само зеленчук со неутрален вкус. 10 месеци сме и само ручек ако касне. Да ми дадете идеи што да и направам за доручек/вечера. Од толку што не јаде веќе почнав да станувам анксиозна. И ручекот што го јаде се само две каши и тие ги вртам цело време. Има ли надеж дека ќе јаде моево бебе.
Ситно мелен овес со јогурт, гриз со банана или “чоколиното” страна поназад, лепче дробено со јогурт/кисело млеко, палента со рендана моцарела/кисело млеко/спанаќ и јајце. Житарка некоја со авокадо и банана. Готови ноќни каши хип. На 9.
Јас сакав уште пред некој ден да се пофалам ама не стигнав, конечно после скоро 5 месеци почнавме со успешно блв хранење, скоро се сама си јаде во раче и лажичка си држи и си се храни. Претходно беше блв, па видов дека не може, па комбинирано ама јас повеќе ја хранев и сега конечно почна сама да ми бара со рачето да си јаде. Најголема предност мислам дека досега ми е тоа што не ги воведував намирниците по 3 дена и секој алерген го воведов до 7-8 месеци. Уште морски плодови и соја немам дадено. Само нередот се уште е .
Да, и јас мислам најдобра одлука ми е воведувањево на алергените порано. Денес ќе и дадам лосос, од утре почувам со кикирики путер. Многу ми е полесно вака, се што правам за нас јаде и она, секакви лепчиња и тортиљи, само вадам дел за неа пред да ставам сол. Сабајле си се изнајаде мафинче од леќа со лен и кисело млеко.
Јас дупла доза правам и наместо 300 гр леќа, ставам 250 со 50 гр лен. Псилиумот е најбитен тука, ако ставиш помалку нема да нараснат ќе бидат како плочки. Јас правам и мафини од ова и лепчиња како бургери. Можеш и црно семе да измешаш малку, убав шмек дава.
Аааа не, вака кога пробува после прва дремка и давам за да ја пратам да не има нешто, тогаш ми е најдолго будна. Дури ни мојава што јаде како врапче нема тоа да ја најаде, а и не ни сакам повеќе да и дадам за почеток. Вака колку алергенот да го внесе.
Не не, путерот толку ќе дадам една лажичка, ама ќе видам за доручек колку количински ќе и дадам друго нешто Ќе видам уств, може и јас само тоа после прва дремка, а претходно да си јаде доручек, така најбезбедно Сусам како најрандом и дадов ми текна од нигде никаде да и додадам некое зрно во макароните што и ги правев, супер поминавме
Баш и сусамот го мислев. Стандард и го даде, цели семчиња? Страв ми е да не и залетне, затоа што знае да се џитка и да плаче ако не и е по ќеиф на госпоѓицата. Леле ќе дочекам ли во животов барем едно дете со сласт да јаде како што го опишуваш твоево? Толку да го уткам готвењево не верувам.