Да бе цели, имав направено макарони со сос од грашок и наросив сусам врз нив, не знам ни дали го осети ама битно го изеде Наредните 2 дена таан давав во јадење (еден ден знам во грчки јогурт го ставив, а еден во гриз или овес нешто така беше ) Леле секој ден кога јаде се молам така да продолжи зошто ќе и брцам во грло ако престане да ми јаде хаха Ама ние ни заб имаме извадено ни ништо, кујзнае што ќе биде тогаш
Исто буквално, премногу време заштедувам, денес си јадеше тиквички со домат и сирење, нашиот ручек. И плус ја нема активноста што ја мразам најмногу на свет - миење блендер. Само што мојата е ептен ептен нејадач, буквално уште на цицка живее, а 11 месеци е, преееретко да истера цел оброк.
Мојава тера оброк ако е лебасто. Мини лепчиња со бадемово брашно, котиџ и јајце, мафини со тиквици, јајца брашно од бадем со сончоглед и чиа, тие погоре што ги ставив од леќа, палачинка од спанаќ, леќа, хељда и јајце.... далеку се од обичен леб реално, ама таа текстура е. Компир манџа, со леќа манџа, ориз, се тоа јаде, ама количински многу малку. Кога ќе реши дека не сака веќе крај, затвора уста и нема шанси да ја отвори освен за вода. И тука може да се развришти и ме плаши да не и залетне нешто. Јас и ги скратив тие подои кога е оброк, не можеме до недоглед да се влечкаме. Има денови кога не јаде повеќе од неколку лажичиња и тогаш си останува гладна. Цицка или друг оброк за замена не давам.
Исто буквално, само лепче да грицка, корка или потпечено. Најчесто црн и давам, ама и бел иако чувствувам грижа на совест за белиот . Интегрална проја со семиња, палачинки со овес и банана, палачинки со овес, тиквица и урда.. прекрасни идеи имаш, ќе и направам нешто, само немам хељда дадено оти најчесто за појадок немам идеја, ги вртам тие 7-8 работи. И јас сакам да скратам подои, ама едноставно гладна е, збеснува, ми се пика во цицка и мора да и дадам, дури и жал ме фаќа на моменти, а ми е страв и крвта да не и ослаби. Кај мене проблем е што не јади без сол, па и ставам по малку вегета органска од дм во манџите...е и чорби сака, се дави во чорби, пилешка, телешка, мисиркина...а оброк друг и јас не давам зошто ќе се научи од мало да пребира, тоа татко и најчесто шмукалче и дава и само се расправаме за тоа, јас ич не сакам конзервирани каши, а и запек ми фаќа, ама кога мора тоа е.. Со вриштењето исто, еден чекор погрешен од моја страна - оброкот уништен .
Имам едно прашање почнав од вчера со вкусови. Почнав со ориз еве два дена супер го прифати отвара уста, давам и водичка некоја лажичка колку да вкуси. Е сега дали давате по три дена исто или по два? И што од зеленчук давате освен морков? Дали давате пример два/три дена исто па после комбинација од двете или само вкусови на почеток различни?
Јас давам еден ден да проба вкус, па после мешано со веќе пробан вкус. Зеленчук до сега дадов Компир Тиквичка Морков Сладок компир Пашканат Тиква Сакав и брокула и карфиол ама имаше грчеви од тиквичката па решив да почекам
Сакам да воведам просо, го земав од Дм тоа Bio лупено што е. Како го спремате? Го киснете ли од вечер и дали блендирано или не?
2 saati se kisne proso, nekogas go blendirav nekogas ne, probaj ako ti jade da ne e blendirano mozes i taka
За големиот го користев и јас истото, го киснев одвечер, и наутро го варев, мислам дека ставав 3 лажици просо во 200/300мл зовриена вода. Одамна беше, заборавено ми е Го мешав со овошје, на почеток блендирав, после не. После знам дека и за ручек му го спремав печено со јајце и урда, и кисело млеко. Малите сега ни се тука некаде, уште немам почнато со вкусови. Тебе педијатар ти кажа да почнеш порано? Следната недела прави 5м бебка, ќе видам што ќе ми каже матичната, јас мислев да почнам на 5.5м.
Фала на инфо Мојава е 5+++ сега, а од 4+++ почнавме со вкусови по препорака на педијатар. Ок напредуваше она ама големо бебе со многу потреба за цицање. На 5м имаше 8 кила. Дополнителна причина е што ќе морам рано да ја пуштам во градинка. Почнавме недела порано од 5м дека одевме на одмор па да има нешто пробано тука за да таму не пробуваме ново туку само веќе пробано
Сите се молиме за бебе како твоето . Ние почнавме со вкусови, на банана од една лажичка затвори уста и не отвараше .
Не знам дали е до тоа или едноставно до бебето е, ама нека биде до вас кога вие јадете. Уште од месец време почнавме да ја ставаме до нас кога ручавме, и сабајле за доручек исто многу често. Само гледаше како јадеме
Од 4 и пол месеци го ставаме до нас, ќе видиме понатака може ќе му се отвори апетит и за банана . Мене ме интересира дали житарките прв пат ги давате со веќе пробан вкус или и со нов?
До сега воведов јаболко, слива, тиквица, морков, сакам следно да дадам компир па дали да го мешам со ад бидејќи бебето ми е на ад? Дали по овие вкусови може да воведам житарка, кои житарки и дали да ставам млеко ако на пример правам житарка плус овошје или зеленчук?
До детето е. Ставано до нас, заедно јадеме, гледам и јас да јадам кога она јаде, џабе е се. Сабајле изеде 1/4крушка со гриз малку. И тоа на гурање. Банана ипол. Душе. Големово 6 ипол години обично не јаде цела банана. Уште некогаш ја потсетувам да џвака. Може пола саат залак во уста да држи.
Ако не банана, нешто друго ќе сака да ручка. Мојава на пример брокула не сака да смисли. Јас со пробан ги дадов, ама јас давам "нормални" житарки да речам, не од тие кутиите за бебе туку од тоа што јадеме и ние само земав од дм демек поквалитетни Верувам дека ќе пројаде, а и сигурно си знае колку и е доста, не мора сите да се бунари без дно како мојава Ама до метаболизмот ќе е, на секое јадење кака, како јаде така се празни
Пробав со неколку вкусови, од кои се покажа реакција, дали можам после неколку дена или недели пак да пробам да давам или да сменам од купечки на домашни