Важно е од што точно покажало реакција, нема врска дали е купечко или домашно. Следи на што покажува црвенило и алергија и паузирај период одреден не давај тоа
И оваа не прашав, се извинувам што ми е едно по друго прашањето Имаме доручек и ручек вечера уште не ама се случува да дадам по малку, дали грчки јогурт со малку овошје да го рачунам ужинка? Или само јогурт неколку лажички, пред последен подој навечер, оти ако јаде повеќе нема да цица
Затоа ќе ги распределиш убаво оброците. Неколку лажички грчки не е ужина, само така ко да пробал е. Затоа помести си ги оброците, и ќе има и вечера. И таман после вечерата ќе имаш доволно време до подојот пред спиење.
Таман ми се оброците засега нема што да подместувам значи само да си додадам вечера ама да не е обилна пр 120гр да изеде би било доволно
Следите ли некој профил на инста за комбинации и рецепти прилагодени за бебе? Да има реални комбинации, а не нешто од тип киви со батат ко сега што ми излезе еден, никој нормален нема да го јаде тоа .
Абе цица ама јас мислам дека не е доволно пр не цица како на сабалје туку се тегне цицни тргни се па се заигрува Ќе треба можеби да поместам сепак доручек. Пр станува сабалје да цица па да јаде после 2-2.5ч пред прва дремка, спие 1-1:30мин па кога ќе стане да дадам ручек така мислам би било подобро да и вметнам вечера. Овие пресметки и планови кога ќе престанат леле на периоди пренапорно ми е, таман ќе се навикнеме па ќе семениме нешто, растат многу брзо
Мајки здраво Ајде ќе ве замолам за совет,ние почнавме со вкусови, пробавме до сега јаболко круша,тиква,морков,брокула..Па малку се разболе и правевме пауза со нови вкусови Имаме уште за пробување но ме интересира дали веќе од овие што се пробани можам да давам еден оброк комбинација од тоа што сме пробале?? Или треба да ги пробаме и другите вкусови
@Viktorijaaa5 како ќе расте нема ни да му треба подој пред спиење. Јас од утре ќе почнувам со вечера и планирам накај 6-6:15 да биде. Тогаш цица и таман да го скратам тој подој. За некое време кога ќе воведам и ужинка, вечерата ќе ја поместам накај 7:30 па нема да треба ни пред спиење подој. Така правев и со големата, нема потреба кога ќе се тргне мајчиното допрва да се учи на шише и да оптеретува желудниче.
Оброк не можеш, зашто е само овошје, ти треба житарка како ориз, овес и сл или скроб како компир за да имаш оброк. Дади уште некоја овошка и почни со житарка и овошка оброк.
Ти благодарам најмногу,а за утре планирав да дадам ориз,купив на хип оној како каша што е,па ќе почнам од утре од тоа,само ова по 3 дена вкус ми е некако многу време во смисла додека пробаме се ние бебето година ќе направи Значи еве од утре да почнам со ориз да проба,и после 3 дена да воведам нова овошка? На пример се мислев банана,слика или авокадо Навистина се трудам да биде правилно затоа прашувам веќе од вас што сте со искуство Благодарам уште еднаш најмногу Ми разјасни дилема
Јас никогаш не пробував по три дена. Ден,два и толку. Ако има реакција одма ќе покаже. Напарави ориз и стави јаболче и дај така. Не се води никако, гледај си го детето, ќе се уходаш за брзо. Колку и да ти изгледа сега квантна физика, воопшто не е така, прелесно е.
Кога се почнува со грчки јогурт,јогурт,павлака и слично,и од кои давате?Исто и глутен и што се подразбира под тоа што треба прво да му дадам ?Имам само една табела ама гледам различно на секоја,пратете ми по која се водите.
Од 7 месеци млечни и глутен. Житарки се, житарки што содржат глутен. Јас со мултигреин воведов. Иначе грчки на кри кри давам.