Колку порано се воведат алергени толку подобро. Работи што не се алерген ги давам по еднаш, алергени минимум 3 дена. Ориз еднаш, глутен давав 3 дена по малку, на четвртиот веќе оброк и спремив. Јајце 3 дена, јатки исто 3 дена. Не се водете по табели, туку по детето. Почнете со лесни намирници, прво безглутенски, после глутен. Млечно, месо, не мора да се чека до 7, 8 месеци. Моево е 7 месеци и неколку дена уште јагоди и цитруси нема јадено. Јатки, јајце, глутен, месо, риба, се и воведов. Алергија може да даде и после 3ти ден проба, ма може да даде и после 1, 10 години изложеносг. Пример батат ќе земам, сите го воведуваат на почеток, а баш тој најчесто дава одложен тип на реакција. Само нашиве педијатри со советиве се останати во 15 век, тргнувајќи од давање ад, па до списоци за исхрана. Нашава пример се чуди како сум дала јајце, а ми вика да дадам кравјо млеко. Искрено житарка и овошје не е никаков хранлив оброк за да му почнува денот на дете секој ден. Само јаглехидрати и влакна чат пат (кои се скоро уништени при блендирање)
Леле колку сакам и јас вака ама ептен ми е страв.Читам се едуцирам ама пусти страв.Не мислам дека табелите се глупост во контекст на тоа колку се мали и стомачињата каква храна можат да им истрпат.Не секој зеленчук и овошје е погодно за веднаш да се даде.За алергените се согласувам.
Одма можеби не е се за давање, затоа прво со полесно се почнува (јаболко, банана, праска, ориз, компир...). Кога ќе се навикне малку почнуваш и друго. Пример сега се уште има домати, краставици, пиперки. Зарем да не дадеш свежо затоа што некоја застарена табела вика да се дава тоа од 8 или 9+? Мојава од 5 ипол месеци јаде домат, краставица, лубеница, диња и се останато сезонско.
Кога почна со вкусови? Бебка во четврток полни 5м, уште немам почнато. Се мислам за две недели здравје да почнам.
Со ова почнав неколку дена пред да направи 5, а оброк воведов после 2 недели сигурно. Со големата терав 6 месеци ексклузивно доење, ова второ дека па нема замарање Се шалам, се замарам и те како, само полабаво некако доаѓа се
@thinkerbell кога ќе даваш цитруси? Баш преубави мандарини земавме за дома и се мислев како да дадам.
Ваљда периодов, не сум начекала убави инаку ќе и дадев. А каде да барам убави не знам. А за начинот ваљда така на резне на кора (ова портокал, мандарина не знам како би можело) Инаку чиа и сончоглед и дадов. Ни на крај памет не ми беше чиава, ама јадев едно лепче и гомцево ми мљацкаше на уво. Па се изнајаде поштено.
Чиа пудинг и правам, се дроби од јадење @Noemi Иначе портокал и јас планирам резанче, а мандарина пасирана во грчки јогурт, не може на друг начин мандарина за жал. Со тоа што ја гледам дека веќе почнува добар pincer grasp да има, да го усоврши уште малце и ќе почнам со мали парчиња
После колку време од нецелосен оброк давате да цица? Ние уште воведуваме доручек и јаде околу 70 грама, одбива повеќе но одма ми бара да цица. Еве сабајлево јадеше просо со крушка и кајсија 70тина можда и 80 грама па едвај издржа 45минути за цице и цица ко да е прегладнета. Ништо не сакаше да прави дур не и дадов цице, преќенкава беше
И после целосен и после нецелосен секогаш сум му давала да цица кога барал. Си имаат мерка за цице, нема да се прејаде.
Здраво, 5 ипол месеци е бебуш и минатата недела почнавме со вкусови скоро секој ден различно давам обично тие што не му се допаѓаат баш и втор ден ги нудам. Инаку едвај јаде по една лажичка прави фаци и затвара уста кога не сака. Дали вака и на вас? Цица на 3 часа и малку ми е страв кога читам дека од втора недела оброк веќе давате, а моево со лажичка.
Така се сите на почетокот не се плаши. Научени до сега само на цице и ова им е нешто ново треба време додека се навикнат. Ке затвара уста,ке плука, ке прави фаци ке кашла а ти ке бидеш упорна ако треба и саат време ке се раните и ке изеде неколку лажички а понатаму и цела кашичка.
На 8+ месеци како им ги правите кашите блендирани,пласирани погусти со Пасатор или со вилушка и парченца?
Плус може да ти бара да цица повеќе од жед отколку глад, така да давај. Јас исто давам безразлика колку и да изела. Пред некој ден изеде 4 ќофтиња од тиквички и за брзо цицаше (не ми сака премногу вода и затоа мислам дека е до жед)
И јас почнав со пасирано,погусто и малце се буни незнае да џвака ама на крај ке си го изеде цело јадење, а за парченца некако немам храброст.
Почна парчиња да даваш.Јас освен смоки и корка леб неум дала друго,пасирано им давам сами им здисади блендирано,сакаат да џвакаат.Ако ме видат да јадам одма бараат лебче да им мацнам и дадам
Па да, зависи. Во глобала грубо пасирам, така на две на три си виљушката. Мајка ми месо и дала така парченца гајле нема, не сака блендирано. Оризот цел, лепче исто, бисквитки. Мојава си игра со храната не ја пика во уста