Јас со цевка ја научив, и од отворена чаша и давам понекогаш ама тоа не е толку успешно Моцарела, едамер, гауда тие ги давам моментално затоа што имаат помалку сол, и тоа не многу често. Другите имаат многу сол и се препорачуваат после една година Не е рано јас од сам старт ја учев со цевка, ми требаше искрено може еден месец дури убаво да сфати ама еве сега на 8 пие растура
Како воведовте маслиново масло? Во повеќево табели е на 6м па се мислам да дадам. Во некоја зеленчукова каша како додаток да ставам нели? Колку?
Дадов јас ајдамер од кам и на бучен козјак имам дадено исто така, рендан во ќофтиња или да си грицка парченца.
Бебе е 5 ипол месеци. Почнавме со вкусови, пробано јаболко, морков, тиквица, слива, круша.. дали да давам уште компир, банана или да почнам да мешам со житарки? Дали смее ориз, просо, овес? Има ли некоја табела, шема.. скроз ми е испомешано и комплицирано
Многу голема желба ми е да си правам неделно мени за ќере, па денес демек седнав нешто напишав па ви праќам, може на некој ќе му се допадне некоја идеја ќе ја искористи Викендот го скокнав зошто не знам што како каде ќе сме хахах
Дај рецепт за песто од грашок Супер мени, само не можам толку однапред да планирам. Јас се што е лебасто правам по повеќе и замрзнувам и зависно од расположение си вадам. Доручкувала денес киноа и кајсија, за ручек ќе јаде манџа спанаќ со мисиркино и тиква, а за вечера после тоа ќе му ја мислам. Ваљда лепче од брашно од бадем, чиа, сончоглед, со јајце и тиквица.
И јас не знам да планирам однапред, со мм решаваме што ќе јадеме кога ќе почнеме да готвиме, ама за неа сакам да пробам на овој начин барем со неа да си олеснам зошто моментално не е дека јадеме исто, не ни се поклопуваат многу ни времињата на јадење, мм не јаде манџи итн итн, така да сакам да пробам да си олеснам. Сигурна сум дека нема 100% да се водам по него, ама барем го имам како план, и ако ништо друго како идеи Инаку, по мое го направив хахаха Изблендав варен грашок, со свеж лук, маслиново и лажичка грчки јогурт. Сега овој пат планирам и некој индиски орев да му ставам за така да ги воведам
Здраво мајки, од кога почнавте со сол и дали ставате во јадењето додека се готви или отпосле? И каков леб и давате на децата домашен месен или купувате?
Сол после годинка се става по малку, додека се готви. Леб давам Жито Лукс интегрален тој е најдобар по состав од купечките
Со што да дадам жолчка а да е наједноставно сто пати е пишано ама немам време да барам, колку дена и како одеше редоследот
Јас давав 2 пати неделно 8мина, па 2 пати 4тина, па 2 половина и после цела. Давав со палента и млечни, со ориз тиквичка, со батат тиквичка..
На почеток додека ја воведов жолчката ја давав со банана после веќе со палента најчесто ја давав и млечни. Ама не ја воведував цел месец, предолго ми беше некако тоа.
Мајки една консултација со вас Ние пробуваме нови вкусови, ме интересира на пример кога воведувате нов вкус дали сите 3 или 2 дена колку и да пробувате ја давате чисто или на пример еден ден само новата намирница а нареден ден со нешто што веќе пробал комбинација или сите денови само новата намирница?
И мене ми е долго, па не знам како ми пишале и погоре искуство видов ама мора ли да е само 2пати во неделата по осмина пример...леле прекомолицирано
Уште одма ко воведував давав мешано со друго. Не се сеќавам чисто да сум дала. После веќе само по еднаш давав и ако нема реакција до утредента, нудев често и друго. Леле леле јајцето. Проба жолчка посебно на два дена, после два дена мислам оти цело дадов во кајгана и завршив со него. Ова на првите им се тресеме, докторати прајме. А они шо најдат ќе стават у уста. Којзнае колку песок и дрва има изедено моето дете. Ај да не аи кажувам поарно .
Јас одма дадов цело јајце, во омлет на 6 месеци Се додека нема ризик голем за алергија (егзема, фамилија и сл.) не е толку страшно. А не мораш и одма цело да дадеш, можеш и одделно, ама сакам да кажам не мораш до толку да се влечкаш. Јас на пример давав цело јајце три дена по ред, првиот ден мн малце изеде од омлетот (една две лажички) како што се очекува и како што треба, вториот ден знам дадов варено пасирано исто 3-4 лажички и третиот веќе во нешто го ставив, палачинки чинам беше. Работата е да не внесе многу уште првиот пат чисто ради реакции и затоа се почнува со малку па повеќе, ама не гледам зошто да е два пати неделата 8мина, па два 4тина итн. Така еден месец ќе внесуваш и тоа дамо жолчка.